Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 169439 пати)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #540 на: 01 Март 2021, 00:50:05 am »
Па може некој пред мене нашол од Еxeo и пасува, јас не знам која година е ставен.
На тој линк од тебе пишува:

Note: suitable for 2.0 TDI and FSI with engine codes BVY, AZV, BKD, BMM. Not suitable for automatic transmission
Го нема мојот код за мотор - CFHC.

Знам дека кога го гледав и оздола (на мајстор) изгледа прилично квалитетно. Само заборавив да видам код, ова она.

https://shop.seat.be/nl/Uitlaatsierstukken/SEAT/Ovaal-uitlaatsierstuk-met-logo-SEAT-Exeo-ST/1359/13176
« Последно менување: 01 Март 2021, 01:04:28 am balanar »

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #541 на: 02 Март 2021, 00:58:23 am »
За бришачот позади, го отрштрафуваш мутерот, подесуваш каде сакаш да стои и го стегаш мутерот држејќи го бришачот да не се мести при стегање.

Ништо од ова, таман испадна да е.
При перење го бутнале надоле, а не сум го вклучил да се изврти и да се намести каде треба.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #542 на: 02 Март 2021, 06:55:35 am »
Топ.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #543 на: 03 Март 2021, 19:26:48 pm »
После последниве теми во Возила на Членови, да му е срам на човек да пише што си средил на постара кола  :)
Нејсе, денес ја променив фабричката антена со малата, порачана од АлиЕкспрес. Порачав и голема од Али, ама не пасува кај штрафот.
На фабричката има тенок дел (демек anti-theft), па штрафот, а оваа од Али директно има дебел штраф. Не се отштрафува тој дел и од двете антени, пробав да го „трансплантирам“, ама не сака.

За прием во град исто ми се чини, ќе видиме како е меѓуградски.
Pro-tip: после одвртување на фабричката антена, излезе многу лесно со тегнење лево-десно, а не наназад.

Порачаните од Али:



Фабричката:



Пред:





Потоа:





(ми се откачила малку раткапнатa, сега забележав на сликата хах)

edit - Најдов заменска долга од Али со штраф како оригиналната, како не ја видов порано ццц
Ја порачав за резерва, нек иде живот.

https://www.aliexpress.com/item/4001201713410.html?spm=a2g0o.productlist.0.0.21514b59tQLbUx&algo_pvid=e996d486-6b08-4dba-be1f-d125a2c4b617&algo_expid=e996d486-6b08-4dba-be1f-d125a2c4b617-27&btsid=0bb0622d16147967121995172eb0ae&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_,searchweb201603_
« Последно менување: 03 Март 2021, 19:56:02 pm balanar »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #544 на: 03 Март 2021, 20:08:32 pm »
Јас на i30 ја немам сеуште ставено антената, појма немам ни каде е (некаде у гепек), вртам музиче од мојата колекција

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #545 на: 30 Март 2021, 12:57:47 pm »
Денеска стигна уште една малечка антена и една оригинална.



Moже да ја ставам оваа наместо другата мала антена, таа е оваква



пишува Vision на неа и ме нервира  ;D
Кога ја местев, едвај наместив ова да гледа кон предниот дел на колата и да не се чита.

Денеска можно е да ја однесам колава до Мотоцентар и да ги сменам зимскиве со летните гуми/бандажи, конечно да заличи  :-X

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #546 на: 30 Март 2021, 14:52:53 pm »
De bre sto stori so toa antenite sateliti da ne fakjas :)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #547 на: 30 Март 2021, 14:58:52 pm »
De bre sto stori so toa antenite sateliti da ne fakjas :)

За 3$ - ништо страшно  :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #548 на: 30 Март 2021, 23:34:50 pm »
Ако имате видено некаде антена за кола што може да фаќа сателити, пукајте :) Збориме за 60-70 цм долга антена, па и јаче ;D


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #549 на: 31 Март 2021, 00:09:01 am »
Ако имате видено некаде антена за кола што може да фаќа сателити, пукајте :) Збориме за 60-70 цм долга антена, па и јаче ;D



https://www.starlink.com/

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #550 на: 01 Април 2021, 22:27:28 pm »
- На 30.03.2021 променети зимски во летни гуми. Поминато - 3486km за 4 месеци/16 недели.
Колку за споредба, оваа километража се поминуваше за 4 недели кога патував Штип - Скопје и обратно (работам од дома откако фати коронава).
- До сега поминато 8500km откако колава е во мене (јули, 2020-та година). Уште 1500km и следува мал сервис.

Денес ја исправме, ги ставивме капачињата на вентилите. Ќе видиме колку ќе издржат пред да си ги „препознае“ некој, а пред да ги ставам - ги шприцнав внатре со силиконски спреј (како и вентилот на навојот) за да не се запечат, мада сигурно макар еднаш во месецот го проверувам притисокот во гумите.

Сакам пролетва да и направам:

- Хемиско чистење
Се договаравме со @dame , но никако да се погоди, малку е комплицирано. Треба да ја оставам кај него и да го загубам денот во Скопје (а работам од дома). А и треба прво да го средам седиштето, па да правам хемиско.
- Полирање
Има многу ситни гребаници и неколку поголеми кои не се познаваат на сликите подолу. Некој го ОДРАЛ горниот дел од левото крило и пола лев фар со гребаници, дали е од пералната кај што одам - не знам. Како да е стругано со метална жица за перење садови, не можам да објаснам. Најмногу ми е криво за фарот, ги полирав во декември. Се гледа малку на третата слика, зумирајте. Moже да ја оставам пак во Сервис Дамјановски во Облешево, дечкото е одличен автолакер/лимар.
- Андроид мултимедија и задна камера
Ова го бамкам со месеци, ќе видиме како ќе е финансиската конструкција :) Би зел минимум 8" со 2/32GB меморија.
- Да го средам потскинатото возачко седиште и да се потполни со сунѓер
Истиот проблем како со Даме. Човеков со кого се договарав (Тапацер Додо) е од Скопје, рече дека ќе му треба 5-6 саати да го среди потскинатото. Треба да ја оставам колата и да денгубам низ Скопје.

Денешна галерија:

























« Последно менување: 01 Април 2021, 22:38:27 pm balanar »

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #551 на: 01 Април 2021, 23:54:19 pm »
Неможеш да се искомбинираш некако сабота да ја оставиш? Ем ќе прошеташ низ Скопјево ем колата средена...


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #552 на: 02 Април 2021, 00:41:42 am »
Nekako golemi trkalava ili taka mi se cini ?
Inace klasika za turistite vo Skopjevo - dojdi ostaj si kolata kaj Dame i posle fati standard ruta prvo zooloska gradina i posle dali siti mol ili jumbo toa e klasika na site sto idat od vnatresnosta za vikend u Skopje. Posle ides nekade jades i si ja zimas kolata od kaj Dame i magla za stip kaj DOGATA u kafana da pocastis za srabotenoto.
Inace respekt kako si odrzuvas kolicevo bravo merakliski....i pozdravi mi go KUPARCE

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #553 на: 02 Април 2021, 01:37:53 am »
Неможеш да се искомбинираш некако сабота да ја оставиш? Ем ќе прошеташ низ Скопјево ем колата средена...

Sent from my iPhone using Tapatalk

За волја на вистината - и Даме ми предложи да му ја оставам некоја сабота, ама девојкава работи во кладилница и тешко сабота да е слободна. Сам не ми се оди, доста беше сам :) Затоа ми е малку комплицирано да најдам време и за тапацерот и за Даме...

@Vlatce-Vectra - 17" се бандажите, таман се. Зимскиот сет се 16" и дефинитивно изгледаат погрдо, крупна кола изгледа Леонов од надвор кога ја гледаш.
Догата одамна нема кафана во Штип хах
Ќе му пренесам на стариов утре :)))))

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #554 на: 04 Април 2021, 18:01:56 pm »
Вчера и денес Леон-от беше оставен за хемиско на внатрешноста, полирање и полирање на фарови. Локално во Штип.
Напраив споредба пред/потоа.

Надворешност:





















Гребаниците се тотално санирани и на крилото и на левиот фар:







Внатрешност:













Јас сум тотално задоволен како излезе целото, и надвор и внатре. Колата се освежи многу.
Oстанува уште да го санирам поткинатото возачкото седиште и да ставам Андроид мултимедија.