Епа клабери, се случи и едно с*ање после хемиското.
На сивата пластика на шалтаблата (пластичниот панел кај радиото, кај контролите за климата и во мал ден на пластичниот панел кај километражатата) се појавиja како флеки од капки. Овака изгледаше првиот ден, сега некако се поизбледени, ама се познаваат. Не сум пробал да ги извадам со ништо, мислам дека штетата е направена?
@Roci Вчера бев кај три автолакери во Штип. Имав на мисла да ги фарбам мат-црно уште пред некој месец (видов еден пост на форум за Сеат).
Првиот побара 1500 денари за сите три панели, вториот 4000+ денари, третиот не се нафати да ги вади и фарба
Она што е интересно е што сите до еден рекоа дека можно е флекиве да не се од сега/сегашново хемиско, туку пластиката да била „обработувана“ претходно и со хемисково само го изложиле проблемов. Не знам колку да верувам на ова, со оглед на тоа дека претходно пластиката изгледаше топ.
Станува збор за овие панели:
Сакам да ги фарбам мат-црна боја, нешто овака, многу ми изгледа подобро од сивава пластика:
Сакав да ве прашам, дали вреди да ги префарбувам и дали ќе излезе добро со мат-црна боја?
Има и друга опција - со оглед дека планирам понатака да ставам мултимедија (најверојатно ќе ги вадат тогаш двата панели на среде), да почекам и тогаш да средам со во едно.
Има ризик да се изгребе бојата ако сега ги префарбувам, па потоа пак се вадат/ставаат за ставање на мултимедијата.