Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 169553 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #315 на: 14 Ноември 2020, 21:15:17 pm »
Не реков дека општо не е за ставање гуми, цело време викам дека за мене, за моите потреби, за дел од денот во кој го возам возилото - сеуште не е доволно ладно, ниту па временските услови надвор се за да ги сменам.

Кој има потреба и станува во 5-6, нека си смени.
« Последно менување: 14 Ноември 2020, 21:27:26 pm balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #316 на: 16 Ноември 2020, 21:19:15 pm »
Нешто се премислувам (не заради парите), па ми треба совет.
Повеќе ми е за дилемата од придобивките/недостатоците со исклучен ЕГР или со сменет нов ЕГР.

- Дали да го исклучам ЕГР-от, а ДПФ да остане?
- Дали да ставам нов ЕГР?


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #317 на: 16 Ноември 2020, 21:24:54 pm »
Smeni go stavi nov. Da ne trebashe bez  nego ke beshe kolata

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7070
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #318 на: 16 Ноември 2020, 21:56:26 pm »
Нешто се премислувам (не заради парите), па ми треба совет.
Повеќе ми е за дилемата од придобивките/недостатоците со исклучен ЕГР или со сменет нов ЕГР.

- Дали да го исклучам ЕГР-от, а ДПФ да остане?
- Дали да ставам нов ЕГР?



Ако го изгасиш ЕГР-от, ти остане ДПФ-от, за кратко ќе почне да се затнува многу почесто и да прави регенерации многу често, нема поента. јас така направив и се з....
Ако си во можност смени го со нов ЕГР и тоа е тоа, дека е добро за моторот општо што постои ЕГР, не е добро, да не се лажеме, а дека мора да го има, мора.
Или вади све или савај ново.

ЈАс тогаш тргнав со тоа ќе го изгасам ЕГР-от нека стои ДПФ-от, ама џабе, за кратко требаше и ДФП да се мења. Сега би играл поинаку.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #319 на: 16 Ноември 2020, 22:27:06 pm »
Ако го изгасиш ЕГР-от, ти остане ДПФ-от, за кратко ќе почне да се затнува многу почесто и да прави регенерации многу често, нема поента. јас така направив и се з....
Ако си во можност смени го со нов ЕГР и тоа е тоа, дека е добро за моторот општо што постои ЕГР, не е добро, да не се лажеме, а дека мора да го има, мора.
Или вади све или савај ново.

ЈАс тогаш тргнав со тоа ќе го изгасам ЕГР-от нека стои ДПФ-от, ама џабе, за кратко требаше и ДФП да се мења. Сега би играл поинаку.

Е ова ме премислува најмногу, а ДПФ-от ми е добар, бар она што го скенирав со VCDS пред месец дена. Веќе почнав да го препознавам кога му е време за регенерација (работи со повисоки вртежи во лер, додуша ова го прави и сега зимово кога е пуштено парно), па го провозувам Леон-от до Свети Николе (дека заради коронава работам од дома и не патувам секој ден за Скопје) :)

Да ми беше и ДПФ-от при крај - ќе ги исклучев и двата.
Овака секако бев/сум решен да ставам сосема нов ЕГР.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #320 на: 17 Ноември 2020, 20:42:31 pm »
Го имаш чистено ЕГР -от?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #321 на: 20 Ноември 2020, 15:47:36 pm »
Другари, ми треба помош околу една дилема:

- Најдов понуда за местење на проектори (лупи) наместо сегашниве рефлектори.
Понудата е:
Bi-xenon Morimoto 2,5 инчни лупи, 35W/55W xenon сијалици, blackout на фаровите (зацрнување на фаровите од внатре), полирање на фаровите од внатре и надвор. Гаранција на лупите - 2 години, на сијалиците - една година. Цена - 8000 денари (со 55W).
Постои можност и за монтирање на angel eyes со CCFL (неонски) и LED круг околу лупата. Цена - од 1500 неонскиот до 4000 LED.
Позицијата се исклучува сегашна (W5W сијалици) и на нивно место е ова. Кога е пуштена само позиција светат само они, кога е пуштено средно светат заедно со средното, а кога е пуштено и долгото - светат сите заедно.
Како што разбрав - после целиот зафат во фарот останува само една лупа со кратко/долго. Дупката што е сегашна за позиција и долго останува празна.
Нешто овака:


- Најдов понуда за Андроид мултимедија (мислам дека е 8.1, прастаро - јбг) во N-Sound во Гостивар.
Понудата е со монтирање на задна камера. Цена - 230 евра (за истово (буквално истиот уред) во Дог побараа 20000+ денари).
Би сакал да ставам оваква мултимедија (не знам колку звукот и приемот на радиото ќе се влоши), ја гледав уште пред да ја купам колава :) Ќе се најде за навигација (Sygic, GMaps), преглед на параметрите од возилото, остали апликации, како и камерчето ми е интересно.
Моментално имам фабричко RCD-310 со USB, AUX и Bluetooth за повици (но не и за музика).

https://www.facebook.com/80472679320/videos/708272683309700

Дилемата е што да одберам и да се почастам за Нова година  :)

« Последно менување: 20 Ноември 2020, 16:42:46 pm balanar »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #322 на: 20 Ноември 2020, 16:07:29 pm »
Јас ставив мултимедија и исто мислев дека ке се расипе квалитетот на звук ама испадна спротивното. Можам слободно да кажам дека звукот за 50% е поквалитетен иако фабричкото радио беше блаупункт. За радиото скоро и да не слушам радио ама кога ми затребало секогаш имало квалитетен прием. Така да ако си за мултимедија не се мисли ич, не жалам што ги фукнав 200€.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #323 на: 20 Ноември 2020, 16:08:53 pm »
Јас ставив мултимедија и исто мислев дека ке се расипе квалитетот на звук ама испадна спротивното. Можам слободно да кажам дека звукот за 50% е поквалитетен иако фабричкото радио беше блаупункт. За радиото скоро и да не слушам радио ама кога ми затребало секогаш имало квалитетен прием. Така да ако си за мултимедија не се мисли ич, не жалам што ги фукнав 200€.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Каде ја монтираше/купи?

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1479
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #324 на: 20 Ноември 2020, 16:09:51 pm »
за радио можеш и rcd330 или некое еквивалентно од сеат, имаш и bt streaming и carplay/ androidauto

Sent from my Mi A3 using Tapatalk

Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #325 на: 20 Ноември 2020, 16:18:56 pm »
за радио можеш и rcd330 или некое еквивалентно од сеат, имаш и bt streaming и carplay/ androidauto

Sent from my Mi A3 using Tapatalk

Нема RDS... Баш сум ситничар :)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 691
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #326 на: 20 Ноември 2020, 16:22:24 pm »
Ако смеам да прашам, кој се нафати да ги среди фаровите ?
Ако не е за јавно, пиши приватна порака, да ги контактирам за мојата кола.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #327 на: 20 Ноември 2020, 16:24:03 pm »
Ако смеам да прашам, кој се нафати да ги среди фаровите ?
Ако не е за јавно, пиши приватна порака, да ги контактирам за мојата кола.

Не е тајна, дечково сосема е културен и пристоен, ми објасни преку Вибер што ме интересираше.
Баш затоа и ме привлече да се подразмислам, да беше некој тежок  за објаснување - тешко дека воопшто и ќе имав дилема.

https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3481873
« Последно менување: 20 Ноември 2020, 16:29:21 pm balanar »

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #328 на: 20 Ноември 2020, 16:37:31 pm »
Jas mislam mesto farovite, da se pocastish so eden nov EGR.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #329 на: 20 Ноември 2020, 16:38:26 pm »
Jas mislam mesto farovite, da se pocastish so eden nov EGR.

Тоа е посебно (порачан е, чекам да ме викнат за монтажа) од оваа дилема  :)