Денеска во Скопје завршени/купени 2 работи:
- Направен резервен далечински клуч во Авто Клиник - Маџари, кај мајстор Ненад.
Рече дека колата има меморирано 3 клучеви, ги избриша тие, а ги додаде постоечкиот што го имав и новиот. Сосема задоволен од услугата, секаква препорака.
https://www.facebook.com/avtoklinikЦена: 3000 денари.
(прстите не се мои
)
-
Купени половни (но апсолутно неистрошени) BFGoodrich gForce Winter 2 од нашиот форумџија
@Tischläufer, во димензија 205/55/16.
Се најдовме во Мотоцентар - Нерези, дечките ги демонтираа од постоечките бандажи и ги спакуваа во вреќи. Исто секаква пофалба и за
@Tischläufer, би соработувал во секое време.
Не знам кога ќе ги монтирам гумиве на челичните бандажи, мислам дека уште е рано.
На Леонов остана уште да се промени ЕГР вентилот, денес цел ден ми светеше Check engine и колата одеше во limp mode. Се надевам дека месецов ќе го средам и тоа.
На пролет, здравје, сакам:
- Да ја исполирам однадвор (заедно со фаровите) кај
@dame - Да се направи хемиско внатре
- Да го променам фабричково радио со Андроид мултимедија