Другари, ми треба помош околу една дилема:
- Најдов понуда за местење на проектори (лупи) наместо сегашниве рефлектори.
Понудата е:
Bi-xenon Morimoto 2,5 инчни лупи, 35W/55W xenon сијалици, blackout на фаровите (зацрнување на фаровите од внатре), полирање на фаровите од внатре и надвор. Гаранција на лупите - 2 години, на сијалиците - една година. Цена - 8000 денари (со 55W).
Постои можност и за монтирање на angel eyes со CCFL (неонски) и LED круг околу лупата. Цена - од 1500 неонскиот до 4000 LED.
Позицијата се исклучува сегашна (W5W сијалици) и на нивно место е ова. Кога е пуштена само позиција светат само они, кога е пуштено средно светат заедно со средното, а кога е пуштено и долгото - светат сите заедно.
Како што разбрав - после целиот зафат во фарот останува само една лупа со кратко/долго. Дупката што е сегашна за позиција и долго останува празна.
Нешто овака:
- Најдов понуда за Андроид мултимедија (мислам дека е 8.1, прастаро - јбг) во N-Sound во Гостивар.
Понудата е со монтирање на задна камера. Цена - 230 евра (за истово (буквално истиот уред) во Дог побараа 20000+ денари).
Би сакал да ставам оваква мултимедија (не знам колку звукот и приемот на радиото ќе се влоши), ја гледав уште пред да ја купам колава
Ќе се најде за навигација (Sygic, GMaps), преглед на параметрите од возилото, остали апликации, како и камерчето ми е интересно.
Моментално имам фабричко RCD-310 со USB, AUX и Bluetooth за повици (но не и за музика).
https://www.facebook.com/80472679320/videos/708272683309700Дилемата е што да одберам и да се почастам за Нова година