Почнавме полека да го спремаме за зимска сезона. Сите обратно - јас наопаку. Прво почнувам од најнебитните ствари.
-
Купени денеска раткапни 16".Мислев да ја возам со челични црни, ама се предомислив сега за сега.
Цена - 1300 денари.
-
Купени и зимски ланци Praxis, 12mm, со ознака 100. Многу глупаво што летниве ги опфаќа (225/45/17), а планираните зимски (205/55/16) спаѓаат во друга категорија на ланци со ознака 90.
Али тоа е што е, не знам кога ќе ги монтирам зимските, па да не глумам лудило.
Цена - 1270 денари.
Зимски гуми ќе пазариме во петок од
@Tischläufer, за челични бандажи уште се мачам да најдам црни 5x112, 16".
Во вулканизер Самшпед (12-та Македонска Бригада) ми нудат 4 за 100 евра, треба да отидам во петок да ги видам какви се.