Кога ја гасниш колата затропува/се затресува?
Излези на отворено, стави ја во 6та на 80км/ч и дај полна туража. Ова е измачување за замаецот ама ако не е како што треба ќе збучи цела кола.
Во возење тропа?
Ако ја носиш и кај друг мајстор кажи само што проблем имаш, не му вели дека можеби замаецот е во почетна фаза на расипување. Да видиш што ќе ти кажат. Ако немаш тропање и тресење кога ја гасиш, јас мислам дека некој сензор ти прави проблем.
На палење затресува, како што пишав 20% од времето и со стиснат кумплунг. Заверглува еднаш, стресува нагло и се гаси.
За гасење не сум забележал дали затресува, баш ќе пробам денес и утре.
Во возење нема никаков проблем.
Двајца мајстори го пробуваа палењето, и двајцата рекоа дека е замаец.
Еден мајстор (електричар за коли) каде ја носев да не е случајно алансерот/блендексот, рече дека е замаец.
@Mikius - Ова со сензоров ќе прашам.
Инаку, вчера со VCDS и извадив auto-scan и го зачував логот. Има некои ситни error-и на EGR (не знам дали се од претходно, не се чистени error-ите, стојат некои од 2014 кога се расипало тоа знакчето за отварање на гепек). Ни јас не ги исчистив, ми беше страв да не сјебам нешто.
Има грешка некоја исто со TPMS, ама знам од што е. Кога ги променив гумите, не го сетирав и светна.
Исто има грешка и за заклучување на задните врати, еднаш ми направи проблем, не се отвораше задната десна од надвор (од внатре сакаше). Али ова го сменив во менито, беше ставено driver side кога се отклучува колата од далечинско.
Дали ќе биде од помош да го пастирам целосниот лог од VCDS за совети?