- На 30.03.2021 променети зимски во летни гуми. Поминато - 3486km за 4 месеци/16 недели.
Колку за споредба, оваа километража се поминуваше за 4 недели кога патував Штип - Скопје и обратно (работам од дома откако фати коронава).
- До сега поминато 8500km откако колава е во мене (јули, 2020-та година). Уште 1500km и следува мал сервис.
Денес ја исправме, ги ставивме капачињата на вентилите. Ќе видиме колку ќе издржат пред да си ги „препознае“ некој, а пред да ги ставам - ги шприцнав внатре со силиконски спреј (како и вентилот на навојот) за да не се запечат, мада сигурно макар еднаш во месецот го проверувам притисокот во гумите.
Сакам пролетва да и направам:
-
Хемиско чистењеСе договаравме со
@dame , но никако да се погоди, малку е комплицирано. Треба да ја оставам кај него и да го загубам денот во Скопје (а работам од дома). А и треба прво да го средам седиштето, па да правам хемиско.
-
Полирање Има многу ситни гребаници и неколку поголеми кои не се познаваат на сликите подолу. Некој го ОДРАЛ горниот дел од левото крило и пола лев фар со гребаници, дали е од пералната кај што одам - не знам. Како да е стругано со метална жица за перење садови, не можам да објаснам. Најмногу ми е криво за фарот, ги полирав во декември. Се гледа малку на третата слика, зумирајте. Moже да ја оставам пак во Сервис Дамјановски во Облешево, дечкото е одличен автолакер/лимар.
-
Андроид мултимедија и задна камераОва го бамкам со месеци, ќе видиме како ќе е финансиската конструкција
Би зел минимум 8" со 2/32GB меморија.
-
Да го средам потскинатото возачко седиште и да се потполни со сунѓерИстиот проблем како со Даме. Човеков со кого се договарав (Тапацер Додо) е од Скопје, рече дека ќе му треба 5-6 саати да го среди потскинатото. Треба да ја оставам колата и да денгубам низ Скопје.
Денешна галерија: