Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 169013 пати)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 691
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1095 на: 30 Јуни 2022, 18:55:25 pm »
@draganamon - Петар (синот) ме услужи и среди. Уште е ажурен и разбирлив, ама малку е понервозен хаха Имаа бааги гужва околу сервисот.
Супер. Искрено се надевам ке го оправиш Леон-ов. Јас да сум ке дигнев раце.
Го возев моделов 2011 година со истиов твој мотор, супер забрзуваше, подобро од моето Стило на времето.
Кај мене Стилото 2 пати отиде во лимп моде.
Прв пат Тони механички го блокира егр и ме прати кај Штерио во Бутел нешто да преспои. Дпф фала богу немаше Стилото.
Втот пат накај  2015, и отидов на автопат и повозив до патарина и назад на повисоки обртаи. Од тогаш 2 пати ставав адитив од Wurth, летно и зимно време пред возење на автопат, ја издувував малце и немав проблем.
Со среќа.

ЕДИТ, поточно кога го исклучи егр го смени и ова делче. Мислам дека е маф сензор, не сум сигурен. Знам 50евра платив :)
« Последно менување: 30 Јуни 2022, 19:08:10 pm draganamon »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1096 на: 30 Јуни 2022, 19:00:10 pm »
Гаста нема разлика а ?

Има.
Сега некако е пожив и пореспонзивен, не знам...

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1097 на: 30 Јуни 2022, 22:57:22 pm »
@draganamon - Петар (синот) ме услужи и среди. Уште е ажурен и разбирлив, ама малку е понервозен хаха Имаа бааги гужва околу сервисот.
Супер. Искрено се надевам ке го оправиш Леон-ов. Јас да сум ке дигнев раце.
Го возев моделов 2011 година со истиов твој мотор, супер забрзуваше, подобро од моето Стило на времето.
Кај мене Стилото 2 пати отиде во лимп моде.
Прв пат Тони механички го блокира егр и ме прати кај Штерио во Бутел нешто да преспои. Дпф фала богу немаше Стилото.
Втот пат накај  2015, и отидов на автопат и повозив до патарина и назад на повисоки обртаи. Од тогаш 2 пати ставав адитив од Wurth, летно и зимно време пред возење на автопат, ја издувував малце и немав проблем.
Со среќа.

ЕДИТ, поточно кога го исклучи егр го смени и ова делче. Мислам дека е маф сензор, не сум сигурен. Знам 50евра платив :)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ова е реле за греачи.
Нема врска со ЕГР или со лимп мод. Можи да забушава на палење, ништо страшно.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1098 на: 01 Јули 2022, 00:33:47 am »
Ако симпитомите биле предизвикани од механичка природа, односно не затворал убаво, како тоа сега се затворил само со софтверско исклучување?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1099 на: 01 Јули 2022, 00:45:11 am »
Затоа што поради X причини не е во ред тајмингот кога треба да е отворен, кога затворен. Не дека не се отвара или затвара скроз.
Пример, сабајлево кога јас чепкав со VCDS даваше дека 12% е отворен во лер.

Плус, кога го тргаат софтверски се флешнува ECU-то со мапа без ЕГР и останува затворен трајно. Барем така ми објаснија...
« Последно менување: 01 Јули 2022, 00:50:35 am balanar »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20113
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1100 на: 01 Јули 2022, 03:05:41 am »
И онака само ја затнува усисната грана непотребно ЕГР.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1101 на: 01 Јули 2022, 08:33:13 am »
Ајде наздравје средување, уживај во новонајдениот low end torque и стартност. И да не збориме за главоболката тргната. :)

Инаку мислам дека идејата позади затварање и физички е што и да е самата клапна на EGR-от затворена цело време, сепак успеваат мал процент гасови да пројдат накај усисната. Инаку не знаев дека е пракса да се отштека конекцијата до EGR-от од кога ќе се изгаси софтверски, али држи вода муабетот.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1102 на: 01 Јули 2022, 09:05:11 am »
Од гарежот ќе се затни по некое време и тaа мала дупка и тамам.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3469
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1103 на: 01 Јули 2022, 09:44:47 am »
Мора да е отштекан џекот, иначе ќе пали чек енџин.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2348
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1104 на: 01 Јули 2022, 09:52:52 am »
Се надевам дека си го решил проблемот и растеретен да си уживаш на одморот кој ти следи.
Штета што нема време некој мајстор да утврди зошто почнал нов ЕГР да ти прави проблеми за толку кратко време, до горивото не е 100% сум сигурен. Дали бил фаличен, дали бил оригинал или некој заменски, дали бил наместен како што треба (пишуваше ти за некое цевче како стоело а како си мислел дека треба да стои), дали кога бил наместен не било подесено нешто како што треба софтверски (ама тогаш од старт би требало да ти прави проблеми).
Можеби им разреши дилеми на многу луѓе, меѓу кои и на мене, кога ќе дојде момент да прави проблем ЕГР, дали да се купува нов или едноставно да се изгаси.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1105 на: 01 Јули 2022, 10:46:22 am »
дали бил наместен како што треба (пишуваше ти за некое цевче како стоело а како си мислел дека треба да стои),

Тоа е насочувачот (метално куренце со дупка од едната страна) која стои во усисната грана и е насочен кон усисната клапна, до него доаѓаат гасовите од ЕГР и се мешаат со свежиот воздух.
Нема врска со самиот ЕГР, разделен е од него преку алуминиумска цевка.

Од фабрика е ставен така, па подоцна имало service bulletin да се изротира и да покажува директно кон усисната грана, најверојатно се жалеле муштерии за нефункционални клапни заради гареж :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1106 на: 01 Јули 2022, 12:20:13 pm »
Го разгледав како изгледа тоа ЕГР на твојот мотор. Многу глупав и комплициран дел. Па уште и ладилник има. Глупости од дизајн.

Се чудев шо толку мака имате со ЕГР, ама сега сватив.
На JTD многу едноставен е. Затоа нема драма многу кај него.




Мислам дека правилна одлука направи што го исклучи.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1107 на: 01 Јули 2022, 13:06:14 pm »
Истово гомно беше на Полото.

Електрично или електронско, не се разбирам, не е механичко. Затоа и јаде гомна толку често.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1108 на: 01 Јули 2022, 13:37:20 pm »
Кај мене на БМВ-то ми пукна ладилничето од ЕГР-от, друга мака не сум имал со него.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1075
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1109 на: 01 Јули 2022, 14:02:09 pm »
Како осеќате сите разлика после вадење на егт во смисла на туража пожива... Само јас ко го исклучив ништо не осетив (ваљда дека корнеше алфата и со него и без него ) Прочитав дека имаш и swirl flaps кај тебе не знам на јтд ако се скршат прат беља во моторот ако е ист случај и кај тебе и ако си при пари извај ги. Кај мене се исклучени софтверски физички се присутни ама ги имам залепено.


Sent from my SM-G770F using Tapatalk