Автор Тема: Сеуште неизлезен, BMW ја намалува моќноста на М5 дизел  (Прочитано 5277 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
23.11.2011
 
Создавањето на дизел верзијата на М5 кое е доделено на спортскиот оддел на BMW, M GmbH е веќе завршено и се чека момент кога автомобилот ќе биде понуден на клиентите преку дилерите.



Доказ се првичните информации кои BMW веќе ги има испратено до дилерската мрежа во Германија во кои се наведени најважните карактеристики на  автомобилот, а тоа е моторот.

Под хауба на дизелскиот М5, поточно на BMW M550d како што велат дека ќе гласи името на автомобилот работи 3.0 литарски дизел со три турбо полначи кој остварува 381 КС и максимален вртежен момент од мрсни 700 Nm.

Иако моќноста не оди до 500 КС и 881 Nm како што се очекуваше при првата најава, сепак се работи за сериозни перформанси. Колку за споредба бензинецот во М5 остварува 680 Nm, a поблискиот по моќност BMW 550i од 4.4 литарскиот твин турбо извлекува 408 КС и 600 Nm.

Перформансите сеуште не се познати, но подвозјето, сопирачките и останатата техника е идентична како во М5. Се знае само дека максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h, a погонот е на четири тркала.

Во информацијата стои дека М550d ќе се нуди и како седан и како комби, а новиот три-турбо дизел ќе се вградува и во Х5 М и Х6 М.


http://www.vozi.com.mk/vesti/bmw-m-gmbh-go-najavuva-m5-dizel.html
-------------------------------------------------------------------------


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Сеуште неизлезен, BMW ја намалува моќноста на М5 дизел
« Одговори #1 на: 23 Ноември 2011, 11:59:36 am »
Овие читале не дочитале.

Ова нема да биде Дизел М5, него многу моќен 5 дизел. Има тука драстична разлика.

И моторот нема да се вградува во X5M & X6M, него во моќни дизел верзии на Х5 и Х6.

Иначе, секоја почит за BWM.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Сеуште неизлезен, BMW ја намалува моќноста на М5 дизел
« Одговори #2 на: 24 Ноември 2011, 10:22:17 am »
Jas mislam deka imale premnogu problemi da gi isporacaat tie 880NM na trkala, pa zatoa ja namaluvaat moknosta.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Сеуште неизлезен, BMW ја намалува моќноста на М5 дизел
« Одговори #3 на: 24 Ноември 2011, 10:24:49 am »
А верувам дека една од причините е и дека не треба да биде побрза од бензинската варијанта.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Перформансите на тритурбото на BMW
« Одговори #4 на: 14 Декември 2011, 14:30:40 pm »
Првите податоци за перформансите на M550d кој го носи дизелот со три турбо полначи ги објавува на блогот на BMW каде стои дека дизелот од M GmbH е само 0,3 секунди поспор до темпо 100 од М5.



Според BMW Blog тритурбо дизелот од 3.0 литри кој ослободува моќност од 381 КС има вртежен момент од 740 Nm, или 40 Nm повеќе од како што беше објавено во првичната информација за моторот.

Бруталниот вртежен момент и погонот на четири тркала xDrive му овозможуваат на M550d да спринтува од нула до 100 km/h за 4,7 секунди, рамно на X6 M, додека M5 истата дисциплина ја совладува за 4,4 секунди.

Кај дизелскиот тркач BMW М550d xDrive како што гласи полното име на автомобилот повеќе освојува просечната потрошувачка која е измерена на 6,3 l/100 km со емисија на јаглероден диоксид од само 165 g/km.

Истиот мотор се вградува и во отровната верзија на X6, па така X6 M добива дизелски конкурент во BMW X6 M50d. И додека X6 M од нула до 100 km/h спринтува за 4,7 секунди, X6 M50d спринтува за 4,9 секунди.

Отровните дизели на BMW се најавени да стартуваат со продажба во март в година и тоа исклучиво на пазарите во Европа.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
BMW e gospodar na dizelite!

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Сеуште неизлезен, BMW ја намалува моќноста на М5 дизел
« Одговори #5 на: 14 Декември 2011, 15:00:50 pm »
Кај дизелскиот тркач BMW М550d xDrive како што гласи полното име на автомобилот повеќе освојува просечната потрошувачка која е измерена на 6,3 l/100 km со емисија на јаглероден диоксид од само 165 g/km.

BMW e gospodar na dizelite!

Феноменално! Како успеале толку ниска потрошувачка да извадат, свака им част!

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Сеуште неизлезен, BMW ја намалува моќноста на М5 дизел
« Одговори #6 на: 14 Декември 2011, 15:05:27 pm »
а погледни го само torque .... има да влече како проститутка ...

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Сеуште неизлезен, BMW ја намалува моќноста на М5 дизел
« Одговори #7 на: 14 Декември 2011, 16:15:09 pm »
Ова нема да биде Дизел М5, него многу моќен 5 дизел. Има тука драстична разлика.

Некој не прави разлика меѓу обична и М верзија на БМВ :)

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Сеуште неизлезен, BMW ја намалува моќноста на М5 дизел
« Одговори #8 на: 14 Декември 2011, 16:18:38 pm »
Moe mislenje e deka snagata na dizelov e namerno potisnata,bidejki komotno bi go pominal benzinecot.....
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Сеуште неизлезен, BMW ја намалува моќноста на М5 дизел
« Одговори #9 на: 14 Декември 2011, 16:22:17 pm »
Moe mislenje e deka snagata na dizelov e namerno potisnata,bidejki komotno bi go pominal benzinecot.....
Доста веројатно. Турбашот 535д со соодветен софтвер го ренда М5. А камо ли онолкаво дизелиште! Тоа има да се ремапира до бесвест, и 90% од купените ќе бидат со тој зафат.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
БМВ дизелот е толку добар, што Тоyota го вградува во Camry и Corolla
« Одговори #10 на: 15 Декември 2011, 20:41:39 pm »
Брзо откако беше потпишан договорот за соработка и размена на технологии меѓу Toyota и BMW, јапонскиот производител го најави вградувањето на германските дизели во своите автомобили.

Први што ќе ги понесат дизелите на BMW се новата генерација на Toyota Camry и Toyota Corolla кои се произведуваат и продаваат во Австралија. Интересно до сега Toyota Australia не вградуваше дизели во автомобили.

Имено модели на Toyota со дизел мотор во Австралија беа работните теренски машини Land Criuser и Hilux, но сето ова се менува откако во игра влегоа 1.6 и 2.0 литарските дизели на BMW познати од новата Серија 1 и новата Серија 3.

Помалиот дизел 1.6 со 116 КС ќе се вградува во Corolla, додека поголемиот Camry ќе ја добие помоќната изведба на 2.0 литарецот која испорачува 184 КС. Тркалото почна да се врти, а следни се европските модели на Toyota.

Станува збор за Auris, Corolla, RAV4, Avensis и Camry. За возврат на дизелите BMW од Toyota ќе добие влез во светот на хибридната технологија и развојот на литиум-јонски батерии.





http://www.vozi.com.mk/vesti/so-dizelite-na-bmw-prvi-vozat-camry-i-corolla.html

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Sarach

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг: Сеуште неизлезен, BMW ја намалува моќноста на М5 дизел
« Одговори #11 на: 15 Декември 2011, 22:58:45 pm »
hmmmmmm TOKYO-BERLIN dobar cekor....... I HITLER da stane da go sredi svetot malce i se ke bide SUPER.......

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Сеуште неизлезен, BMW ја намалува моќноста на М5 дизел
« Одговори #12 на: 15 Декември 2011, 23:08:23 pm »
hmmmmmm TOKYO-BERLIN dobar cekor....... I HITLER da stane da go sredi svetot malce i se ke bide SUPER.......
Итаљаниве се на потег...

Отсутен Sarach

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг: Сеуште неизлезен, BMW ја намалува моќноста на М5 дизел
« Одговори #13 на: 15 Декември 2011, 23:19:27 pm »
ke se pridruzat i tie, naskoro

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
ne veruvam deka ke bide trajno ova,tri turbini,dizel sto komotno treba da mozes da go opteretuvas do 5000rpm,ke vidime kako ke se pokaze