Првите податоци за перформансите на M550d кој го носи дизелот со три турбо полначи ги објавува на блогот на BMW каде стои дека дизелот од M GmbH е само 0,3 секунди поспор до темпо 100 од М5.
Според BMW Blog тритурбо дизелот од 3.0 литри кој ослободува моќност од 381 КС има вртежен момент од 740 Nm, или 40 Nm повеќе од како што беше објавено во првичната информација за моторот.
Бруталниот вртежен момент и погонот на четири тркала xDrive му овозможуваат на M550d да спринтува од нула до 100 km/h за 4,7 секунди, рамно на X6 M, додека M5 истата дисциплина ја совладува за 4,4 секунди.
Кај дизелскиот тркач BMW М550d xDrive како што гласи полното име на автомобилот повеќе освојува просечната потрошувачка која е измерена на 6,3 l/100 km со емисија на јаглероден диоксид од само 165 g/km.
Истиот мотор се вградува и во отровната верзија на X6, па така X6 M добива дизелски конкурент во BMW X6 M50d. И додека X6 M од нула до 100 km/h спринтува за 4,7 секунди, X6 M50d спринтува за 4,9 секунди.
Отровните дизели на BMW се најавени да стартуваат со продажба во март в година и тоа исклучиво на пазарите во Европа.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
BMW e gospodar na dizelite!