Автор Тема: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI  (Прочитано 20458 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #75 на: 22 Септември 2020, 12:08:47 pm »
Нема да имаш проблем со гареж се додека користиш уље пропишано од производител (со квалитетно масло, маслените наслаги нема така лесно да се лепат кај вентилите да ствараат гареж на долг рок) и доколку возилото се вози загреано. Веќе после 5 или 8км (не ми текнува точно) нивото на контаминираност на уљето од бензинот е отстрането.

Тебе штом ти се појавило тоа кога си возел 2км дневно значи дека регенерацијата не била успешна зошто си ја гасел колата цело време на многу чести интервали и немало доволно време да заврши успешно регенерацијата, ништо страшно.

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #76 на: 22 Септември 2020, 12:11:12 pm »
Гледам темава се активираше доста

Вака сега, некои прочитале претходно, некои не.

Да појаснам,

Не даваше грешка кај нив на компјутер за филтерот за партикулати. Да, мене ми даваше сигнал на инструмент табла, но нивниот компјутер
неможеше да го пронајде кодот и да ја исклчи да не ја појавува на инструмент табла.

Кога се појави тој ''проблем'' , колата беше возена на најладниот период од декември до феруари едвај по 2км дневно, тргнував со колата, нормално незагреана, и кога ќе
стигнев на работа , колата се гасеше незагреана. Значи еден од најлошите режими на работа.
Бидејќи софтверски неможеше да се тргне грешката од инструмент таблата,  и при надворешна инспекција немаше никакво оштетување или некој проблем , препорака беше на КАТ да се
''издува'' колата на обиколница и ако повторно грешката стои на инструмент табла да се вратам веднаш во сервис.

Нормално после 10 минути возење на обиколница, сигнализацијата се изгуби и од тогаш па наваму после 3500 км поминатаи не се појави пак.
Сменив режим на возење, не ја возам веќе на многу кратки релации.

Во врска со адитивите,
Тие што се ставаат во резервар нема да имаат некоја голема улога овде, GDI мотор е.
Проблемот со овој тип на мотор е што вбризгувачите прскаат гориво директно на главата на цилиндарот, така да вентилите се тие што страдаат со гареж после одредено време.

Објаснето овде
https://www.youtube.com/watch?v=0rkZ_4spT14&ab_channel=KnowYourParts

Така да сите што имаат возила со мотори со директно врбризгување ќе го имаат овој проблем порано или подоцна.
TSI - VAG
TCE- Renault
Skyactive - Mazda
GDI- Kia/Hyundai
Ecoboost - Ford
 и многу други.

Супер што се решил "проблемот" со грешката  :)
Напротив на адитивите за бензински мотори кои се ставаат во резервоар пишува т.е. е декларирано дека го чистат целиот систем вклучувајќи ги и вентилите од гареж (на сонаксот има на адитивот напред слика со вентили)

Отсутен maurelie

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #77 на: 22 Септември 2020, 19:17:30 pm »

Да, ама за бензински мотори што не се со директно вбризгување. Такви ставав на Фордот , ама па таму дизните прскаат на вентилите :)

Отсутен GixxerMKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 150
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #78 на: 25 Јануари 2021, 17:48:23 pm »
Имам понуда баш за ваков модел (2020, 1.6 T-GDI GLS, 177HP, 6М/Т, 4WD) од Авто Чајка само нивото на опрема кај нив е „Premium“ и сериозно го размислувам. После година ипол како си задоволен од колата? Има доволно простор позади за тројца?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #79 на: 25 Јануари 2021, 18:25:17 pm »
Имам понуда баш за ваков модел (2020, 1.6 T-GDI GLS, 177HP, 6М/Т, 4WD) од Авто Чајка само нивото на опрема кај нив е „Premium“ и сериозно го размислувам. После година ипол како си задоволен од колата? Има доволно простор позади за тројца?
Сериозен си дека ќе земеш кола со скроз исто простор колку твојата?

Отсутен GixxerMKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 150
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #80 на: 25 Јануари 2021, 18:36:49 pm »

Цитат
Сериозен си дека ќе земеш кола со скроз исто простор колку твојата?

Утре ќе одам да го видам, мислам дека има повеќе, ама едно се слики друго во живо.

Sent from my SM-G980F using Tapatalk

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #81 на: 25 Јануари 2021, 22:30:28 pm »
Нормално дека има повеќе, особено внатре за патниците. Ѓепекот е дискутабилен.

Али кој има деца си знае што е простор.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #82 на: 26 Јануари 2021, 09:22:37 am »
Ima poveke sigurno,ama nosi si sedishte i transporter za da isprobash kolku ti ostanuva.

Kia Sportage od istata generacija sobira tri, ama knap epten.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #83 на: 26 Јануари 2021, 09:28:33 am »
Sportage-от е со малку помал багажник. Не се сеќавам на бројките. Hyundai-то има (според мене) подобра завршна обработка. Материјалите некако се поубави, некако поубаво се чувствував во Hyundai-то, мада иста кола е механички. На дизајн мене па Киата ми е поубава особено назад.

Gixxer, за повеќе деца и багажник нема да те собере :) ти кажав. Една количка да ставиш веќе си доста ограничен со простор во багажник па ќе мора како сите да купуваш делфин. Јас тоа го забележав кај сите што возаат фамилии, сите носат делфини.

За потребите (според мене) ти треба Кодијак, ако веќе сакаш SUV или нешто слично со таа големина. Ако сакаш комоција се разбира :) иначе секогаш ќе можеш да се zip-оваш ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #84 на: 26 Јануари 2021, 09:41:23 am »
Клабери, еден најдобронамерен совет. Не реагирајте долгорочно за краткорочни моменти.

По мене, заодуваче (toddler) не треба да користи количка после макс 2 години.
Јас лично, избегнувам да ја селам цела куќа кога одам на одмор. Тоа не би било одмор, тоа ми било малтретирање. Ај погодете кој ќе треба сето тиа да го спакува, отпакува, спакува и оак отпакува. Губење време непотребно. Јас лично на одмор одам со 1 кеса играчки за на плажа и за секое дете гума за пливање/пловка. Толку.
На желбите им нема крај на децата, а мене времето ми е ограничено.
Не ја гледам поентата на носење на се и сешто со цел на детето да му биде интересно. Тој некој кој треба д му направи да ми биде интересно сме или ние како родители или некое детенце што ќе го запознае таму.
Реалноста е дека одиме на одмор (во случајот они се на одмор, ние не баш :)

Времето е кратко, брзо растат, времето посветете го на нив а не на тоа да влечете тон играчки и дувате/издишувате реквизити. Снимајте и сликајте колку можете повеќе за кога ќе ви речат "ај не замарај, шо знаеш ти" да има што да правите по дома потсетувајќи се на деновите.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #85 на: 26 Јануари 2021, 09:50:31 am »
Играчките се најмал проблем. Повеќе од најлон играчки не носам. Количка исто и јас толку време практицирам :)

Има милион други дрангулии што фаќаат простор покрај куферите и торбиците.

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
  • Сузуки Витариче
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #86 на: 26 Јануари 2021, 09:50:47 am »
Реалноста е дека одиме на одмор (во случајот они се на одмор, ние не баш :)

Со деца се оди на летување, а сам(и) на одмор.   :D
Потпис.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #87 на: 26 Јануари 2021, 10:19:43 am »
Играчките се најмал проблем. Повеќе од најлон играчки не носам. Количка исто и јас толку време практицирам :)

Има милион други дрангулии што фаќаат простор покрај куферите и торбиците.

Пелени, влажни марамици, креми, млеко, кашички, сокчиња ,блендери ;D ;D ;D

Пред некој да се излета "па нема ли во Грција тоа" нека има на ум дека не секое дете трпи секоја пелена, не секое дете јаде секоја кашичка итн. Најмалку што сакате е да ви се исфрли со осип детето на 1 ден од одмор заради новите пелени/влажни марамици или да ви ја одбие храната што сте ја купиле :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #88 на: 26 Јануари 2021, 10:37:14 am »
Мојот не сакаше количка, тоа летување џабе ја мкнев по паметот на лепша половина.

Си го шетав во кенгур :)

Наредно лето веќе порасна и за двете работи.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #89 на: 26 Јануари 2021, 10:45:39 am »
Кога сме веќе кај папучарски муабети, имам ќерка од 2,1/2 години, и незамисливо е без количка негде, пошо таа ќе сака да оди пола сат и после треба мкнење враце.
Вака си носам т.з летна(чадор) чико количка секаде, ем не фаќа мн простор ем сегде имаме количка. За 4к мкд си завршив работа.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk