Клабери, еден најдобронамерен совет. Не реагирајте долгорочно за краткорочни моменти.
По мене, заодуваче (toddler) не треба да користи количка после макс 2 години.
Јас лично, избегнувам да ја селам цела куќа кога одам на одмор. Тоа не би било одмор, тоа ми било малтретирање. Ај погодете кој ќе треба сето тиа да го спакува, отпакува, спакува и оак отпакува. Губење време непотребно. Јас лично на одмор одам со 1 кеса играчки за на плажа и за секое дете гума за пливање/пловка. Толку.
На желбите им нема крај на децата, а мене времето ми е ограничено.
Не ја гледам поентата на носење на се и сешто со цел на детето да му биде интересно. Тој некој кој треба д му направи да ми биде интересно сме или ние како родители или некое детенце што ќе го запознае таму.
Реалноста е дека одиме на одмор (во случајот они се на одмор, ние не баш
Времето е кратко, брзо растат, времето посветете го на нив а не на тоа да влечете тон играчки и дувате/издишувате реквизити. Снимајте и сликајте колку можете повеќе за кога ќе ви речат "ај не замарај, шо знаеш ти" да има што да правите по дома потсетувајќи се на деновите.