Гледам темава се активираше доста
Вака сега, некои прочитале претходно, некои не.
Да појаснам,
Не даваше грешка кај нив на компјутер за филтерот за партикулати. Да, мене ми даваше сигнал на инструмент табла, но нивниот компјутер
неможеше да го пронајде кодот и да ја исклчи да не ја појавува на инструмент табла.
Кога се појави тој ''проблем'' , колата беше возена на најладниот период од декември до феруари едвај по 2км дневно, тргнував со колата, нормално незагреана, и кога ќе
стигнев на работа , колата се гасеше незагреана. Значи еден од најлошите режими на работа.
Бидејќи софтверски неможеше да се тргне грешката од инструмент таблата, и при надворешна инспекција немаше никакво оштетување или некој проблем , препорака беше на КАТ да се
''издува'' колата на обиколница и ако повторно грешката стои на инструмент табла да се вратам веднаш во сервис.
Нормално после 10 минути возење на обиколница, сигнализацијата се изгуби и од тогаш па наваму после 3500 км поминатаи не се појави пак.
Сменив режим на возење, не ја возам веќе на многу кратки релации.
Во врска со адитивите,
Тие што се ставаат во резервар нема да имаат некоја голема улога овде, GDI мотор е.
Проблемот со овој тип на мотор е што вбризгувачите прскаат гориво директно на главата на цилиндарот, така да вентилите се тие што страдаат со гареж после одредено време.
Објаснето овде
https://www.youtube.com/watch?v=0rkZ_4spT14&ab_channel=KnowYourPartsТака да сите што имаат возила со мотори со директно врбризгување ќе го имаат овој проблем порано или подоцна.
TSI - VAG
TCE- Renault
Skyactive - Mazda
GDI- Kia/Hyundai
Ecoboost - Ford
и многу други.