Автор Тема: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI  (Прочитано 20448 пати)

Отсутен maurelie

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« на: 28 Јуни 2020, 20:36:45 pm »
Здраво дечки,

Купена Септември 2019 на ново , еве кај и да е за 2 месеци ќе има година дена и прв редовен сервис.

Спецификации
Мотор: 1.6 T-GDI , 132KW/177HP, 265NM
Менувач: 6 брзински рачен
Боја: Сива

Ниво на опременост е Comfort, или 2 ниво од 5.
Изминати км: 3452

Инаку задоволен сум од возилото, ќе наведам некои работи што ми се допаѓаат и некои работи што не ми се допаѓаат
+
- Комфорни седишта, доста просторна внатрешност и големина на багажник
- Перформансите на моторот
- Надворешен изглед
- 5 години гаранција или 100.000 км (под ова можам и да напоменам репутацијата што ја има Hyundai како прозиводител на возила во смисла на reliability)
- Infotaiment 8' + навигација

-
- Гумите што следуваат со возилото се ај да речеме ''oк''. На други пазари следуваат Мichelin Pilot Sport 4
- Употребата на GDI мотори каде што би било пожелно да се користат чистачи на вентили на изминати 30.000 километри. ( ова и не е проблем само кај Hyundai, туку и кај другите производители со GDI или DI мотори)
- Auto start/stop - аххххххххх (ова е ново за мене, не сум поседувал возило претходно со овој систем)
- Еднобојниот ентериер

Во Hyundai ми дадоа и гратис оргинални гумени патосници, LED осветлување кај педалите, совозач доле и под возачко и совозачко седиште, и хромирани лајсни за праговите. Ми следуваше и хромирана ласјна кај прагот внатре во багажникот, им немаше уште стигнато тогаш, мене ме фати мрза и еве скоро 10 месеци не сум отишол да ми ја монтираат :)

Потрошувачката на овие 3452 километри  е 9.5 л/100км. Од тие 3452 километри, дали 1000 километри имам извозено на отворено. Имам доста кратки релации, дома-работа па потрошувачката е повисока , но не се жалам.

Пред 1 недела бев до Охрид со 2 патници и багаж, потрошувачката беше 7.1 л/100км до Охрид и 6.4 л/100км до Скопје. Нормално со возење колку што е можно по прописите.

Возилото е кочина во моментов (син ми грицкаше цел пат :) ) , треба да го однесам да се испере и да усисам внатре, нормално ќе ставам и некоја слика плус.

До сега начекав на 2 проблеми, ќе ја надополна темава деновиве што како се случуваше (го форматирав компјутеров, пола слики незнам кај ми се ), и исто така може и некое видео да ставам од убрзување/меѓуубрзување/потрошувачка.

Слободно некој ако сака и ако го поседува овој модел на Tucson, нека пише, би сакал да размениме искуства и слично.

Фала, поздрав.

« Последно менување: 12 Јули 2020, 12:07:32 pm maurelie »

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #1 на: 28 Јуни 2020, 20:44:26 pm »
Со здравје и среќа да си ја возиш. Инаку километражава како за точак.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #2 на: 28 Јуни 2020, 22:42:13 pm »
So zdravje da si ja vozish.
Neznam kakvi gumi imash fabricki, jas imam Hankook na Elantrata i sum prilicno zadovolen.

Sreka si bil do Ohrid inace ke ti se rasipe od gradska voznja :)

Отсутен maurelie

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #3 на: 29 Јуни 2020, 09:23:10 am »
Со здравје и среќа да си ја возиш. Инаку километражава како за точак.

Хаха, толку е другар. Претходната кола еве 14 години направи Мај оваа година, едвај 50.000 км :)

Отсутен maurelie

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #4 на: 29 Јуни 2020, 09:25:11 am »
So zdravje da si ja vozish.
Neznam kakvi gumi imash fabricki, jas imam Hankook na Elantrata i sum prilicno zadovolen.

Sreka si bil do Ohrid inace ke ti se rasipe od gradska voznja :)

Hankook Ventus Prime 2, чудна работа на дожд/мокро подобро се држат него на суво.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #5 на: 29 Јуни 2020, 09:51:47 am »
Сигурен си дека се prime 2?
Да не се prime 3?

Како и да е, добра гума е тоа.
Јас ги возам и 2 и 3 та веќе 6 год.

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #6 на: 29 Јуни 2020, 13:57:12 pm »
Со здравје да си ја возиш, на убави места да те носи

Ме интересира твојата "забелешка" околу GDI моторот и чистењето на вентилите. Мислиш дека би се решил проблемот со наслагите кои се создаваат околу вентилите, со ставање на некакво средство/адитив.
Колку што знам бензиските дизни се во цилиндарот и не знам колку некој адитив кој се тура во резервоар би помогнал. Или има некој друг начин на апликација на тоа средство?

Поздрав

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #7 на: 29 Јуни 2020, 14:05:14 pm »

Треба од кај филтерот за воздух за да стигне до предниот дел на вентилите.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #8 на: 29 Јуни 2020, 14:11:34 pm »
Нема начин тоа е заебот со директ моторите. Нели ’екологија’....

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #9 на: 29 Јуни 2020, 14:16:42 pm »
А од егр кај иде воздухот?

https://www.jstor.org/stable/26273486?seq=1

Цитат
ABSTRACT Gasoline direct-injection (GDI) engines have a well-known propensity to form intake valve deposits (IVD), regardless of operator service, engine architecture, or cylinder configuration. Due to the lack of a fuel-washing process that is typical of Port Fuel Injected (PFI) engines, the deposits steadily accumulate over time and can lead to deterioration in combustion, unstable operation, valve-sticking, or engine failure. Vehicles using these engines are often forced to undergo expensive maintenance to mechanically remove the deposits, which eventually re-form. The deposit formation process has not been well-characterized and there is no standardized engine test to study the impact of fuel or lubricant formulation variables. To meet this need, a proprietary vehicle-based GDI-IVD test that is both repeatable and responsive to chemistry has been developed. Using a vehicle equipped with a 2.0L turbo GDI engine, the mechanisms leading to deposit formation have been studied and analyzed, and found to be a combination of engine oil, engine-wear elements, unburned fuel, and exhaust gas contaminants. The rate of accumulation was also found to be affected by engine lubricant formulation variables.

Квалитетно уље, квалитетно гориво (ако горивото е лошо не гледам поента да се ебаваш со адитиви, односно воопшто адитиви се фрлање пари во вода), и возење што повеќе со загреан мотор.

Отсутен maurelie

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #10 на: 29 Јуни 2020, 14:20:14 pm »
Со здравје да си ја возиш, на убави места да те носи

Ме интересира твојата "забелешка" околу GDI моторот и чистењето на вентилите. Мислиш дека би се решил проблемот со наслагите кои се создаваат околу вентилите, со ставање на некакво средство/адитив.
Колку што знам бензиските дизни се во цилиндарот и не знам колку некој адитив кој се тура во резервоар би помогнал. Или има некој друг начин на апликација на тоа средство?

Поздрав

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk

Пред некое време го видов средствово , па незнам дали го има кај нас или некое слично на него.
https://www.youtube.com/watch?v=RcVDZAauO88
https://www.youtube.com/watch?v=EmjaM0sIUwU

Инаку да, адитив што се става во резервар нема да има никаква улога во чистењето на вентилите. Инаку тие чистачи на резерваи и вбрзигувачи што се ставаат во резервар пак ќе си ја вршат работата за тоа што се наменети освен за чистење на вентилите.

Отсутен maurelie

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #11 на: 29 Јуни 2020, 14:24:23 pm »
Сигурен си дека се prime 2?
Да не се prime 3?

Како и да е, добра гума е тоа.
Јас ги возам и 2 и 3 та веќе 6 год.
Ventus Prime 2 е , сеа пак проверив. Има разлика со Ventus Prime 3? Според тебе која е подобра?

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #12 на: 29 Јуни 2020, 14:43:28 pm »
Со здравје да си ја возиш, на убави места да те носи

Ме интересира твојата "забелешка" околу GDI моторот и чистењето на вентилите. Мислиш дека би се решил проблемот со наслагите кои се создаваат околу вентилите, со ставање на некакво средство/адитив.
Колку што знам бензиските дизни се во цилиндарот и не знам колку некој адитив кој се тура во резервоар би помогнал. Или има некој друг начин на апликација на тоа средство?

Поздрав

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk

Пред некое време го видов средствово , па незнам дали го има кај нас или некое слично на него.
https://www.youtube.com/watch?v=RcVDZAauO88
https://www.youtube.com/watch?v=EmjaM0sIUwU

Инаку да, адитив што се става во резервар нема да има никаква улога во чистењето на вентилите. Инаку тие чистачи на резерваи и вбрзигувачи што се ставаат во резервар пак ќе си ја вршат работата за тоа што се наменети освен за чистење на вентилите.
CRC... И ја го гледав ова средство, само не знам колку е паметно да се користи дур е под гаранција колата

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #13 на: 29 Јуни 2020, 14:55:54 pm »
Нема начин тоа е заебот со директ моторите. Нели ’екологија’....
Има начин. Со двојно вбризгување се тојотите. Односно имаат и МПИ и ДИ. Така да лесно е да се сфати дека ако го шкртнеш ДИ делот, моторот ќе е поефтин и мање више ист во реалност. Само на тестирање ќе е послаб во "екологија".

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai Tucson 1.6 T-GDI
« Одговори #14 на: 29 Јуни 2020, 14:56:26 pm »
Некни, кога ја сервисирав i30 црди, имаше една Кона 1.4 т-гди на сервис. Со дечкото си правевме муабет додека чекавме. Му изгледало скапо уљето. Според цената (не загледав убаво на фактурата) ми се чини дека му ставаат иста спецификација како на мојата кола.

@maurelie со здравје да си ја возиш и не се секирај многу додека е под гаранција. Ако толку си врзан за градска вожња, вади ја еднаш месечно на обиколница :)