@BraneMKD
И мене ме мава повремено таква идеја, првенствено што ми иде на живци дизелот за низ град
Си купив нова кола од маки со старата да се малтретирам по сервиси и тогаш си мислев ке ја возам 5 години и ке си купам нова и така под гаранција да не се замарам. Ама 5 години и не биле толку долг период како тогаш што мислев.
Не дека ако поминала гаранцијата на твојата, нова од салон, кола значи дека нешто ќе и стане. Сепак си ја знаеш, згора на тоа си е твоја и ти знаеш како е употребувана. Продолжи кон неа да се однесуваш како да е под гаранција. И санирај и ја секоја зезанција како што треба. Колата иако изминале 5 години сепак е меѓу НАЈновите во државава, исто така е меѓу поубавите во производство, комотна е, не е комплицирана во изработката и користи проверени технологии. Само не давај да се запушти колата и се ќе биде во ред. Незнам како ти е ентериерот, ама можеби возачкото седиште ти е за на хемиско. Можеби и треба едно здраво внатрешно чистење да и удриш со правосмукалка во сите можни дупчиња, можеби треба едни нови ТЕПИСОНСКИ патосници ако се изабени претходните. Си имаш бандажи, така да тоа е супер. Провери филтерот за кабина дали е за менување, и земи карбонски. Можеби сакаш да и ги затемниш малку задните стакла на пример пред летово. Можеби сакаш ксенон 4300к или ЛЕД да и ставиш во лупите. Колата ќе ти биде како да си ја купил вчера, а плус и малку ќе ја освежиш за следните 5 години да имаш исто како и претходниве - ганц нова кола. Со здравје да си ја возите.