Од мене препорака за Сузуки Целерио, мислам дека може да се најде за цена од околу 5.000 евра.
Возам службено вакво и заљубен сум во возилото, од време на време правам авантури со други службени ама пак се враќам на Целерио.
Предности: налик мало ама многу пространо внатре, многу агилно за низ град, сегде го собира и е супер прегледно (имаш чуство како да го држиш за кров и да го возиш, како децана што возат колички), предните тркала се вртат малтене 90 степена, како шестар може да го вртиш во круг, малку троши, а моторот 1,0 е вечен.
Маани: Изолација нема, како на мотор да се возиш, многу пати се вртам да не имам заборавено отворен прозор кога врне пример, ама не, нема изолација, попластично неможе да биде, се е ефтина пластига внатре, од ново знае да крцне шалтаблата (6 вакви имаме на работа од кој 2 си крцкаат), грдо е ама практично.