До 2016та бев убеден дека во принцип зимските гуми се побучни од летните и воопшто не се замарав по тоа прашање. Си купував гуми по некои си мои лични критериуми, но во суштина секогаш друг бренд.
И немав промашај, сите беа потивки од зимските Сава Ескимо кои може да се каже дека ми се репер за споредба како непроменлива во равенките бидејќи никогаш не пробав поинаков бренд за зимска гума.
Сум го верглал муабетот и претходно, но ајде повторно.
Фактички може да се вратам уште некоја година порано од 2016, имено во 2011 кога се купи i10 опремена со ханкук.
Условно кажано галамата ја припишував на сегментот на кој припаѓаше i10. По некој месец ставив Ескимо и малку ме зачуди што делуваше потивка. Наредна промена назад на летни се потврди дека ханкукот е побучна од ескимото.
Доаѓаме до 2016 кога тестирав i30 и мислев дека возам со некакви зимски според буката што ја произведуваа, но при проверка установив дека се летни Ханкук.
Ја купив i30 опремена со фабрички Ханкук кои беа погласни и од оние Ханкук кај i10. Купив Ескимо за i30, не се слушаа во кабина.
Во 2019 имав триста дилеми какви гуми да купам за i10, купив нови летни Сава, среќа потивки.
Минатата недела повторно имав несигурност, купив нови летни Фулда за i30, ми падна камен од срце, истотака потивки

Ебем ти тоа ханкукот кинерџиеко 425, ми направија фобија од купување гуми.