Мислења, што би одбрале? Некоја цифра до 400ЕУР комплет ми е во глава (цените се од Словенија):
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Пред 15 години при изборот ќе си направев еци-пеци-пец
меѓутоа после ханкукот (еко425) ме фати страв од тоа да не налетам на бучна гума.
Дури и ме фаќа страв да препорачам бидејки истите што кај мене бучеа кај друг биле тивки. Истото и со тогашниот Вемтус, некој напиша дека му биле бучни, кај друг биле тивки (2018 чинам беше муабетот) и затоа станав алергичен на Ханкук.
Но ете, и мене ми требаше некој да ме подбутне
во изборот помеѓу Мишелин, Фулда, Сава, Гудрич...после неколку препораки за Фулда се одлучив за нив.
Некни имав нагло кочење при брзина околу 40, одлично закочи без недоречености, и што е најбитно, гумата е тивка, барем кај мене