Чекајте малце, другари.
Па, на 205/55 зарем ќе биде бучно како што би било на "потенки" илимити, помал ѕид?
@Lone Не се сеќавам кој имаше искуство за Dunlop, ама генерално е многу добра опција.
Goodyear како Goodyear, не е само бучавата, туку и издржливи ги прават изгледа, рачунај дека ќе тера долго тој модел

За Мишелин нема што друго да се каже освен дека се најскапите.
Ако не ти е проблем буџетот - веројатно најдобро тоа да одбереш.
Ќе ти дадам и еден пример од 70 наспроти 72 децибели бучава.
Имав Firestone со декларирани 72, постара серија од моделот Roadhawk.
Прво ставање на преден погон маваше некој турбо-бит како да се спремам за племенски танц.
Претходните од Goodyear, 7 години стари и скоро изнемоштени, не бучеа толку.

Претпоставувам, заклучокот ми е, не им верувај толку на тие бројки...
Подобро рашарај по форуми - точно твоето возило и димензии кој бренд најдобро се покажал.