Во право сум, или не сум? 
Ванесаурус Максимус, воопшто не ситничам, само те исправам каде грешиш, за да научиш да не ти се закачи некој ситничар па да се гњавиш со него. Научил ти или не, конвекција си е конвекција, радијација си е радијација. Тебе не ти е јасен терминот радијација.
Секое тело кое е потопло од 0 келвини (-273 степени целзиусови) оддава топлина. Како што е илустрирано на слиакта што ти ја пратив има 3 начини на пренесување на топлина во средина каде нема вакуум и каде има гравитација тоест кај нас на земјава, па и на марс, на месечината и така натаму.
Секое тело потопло од 0 келвини зрачи електромагнетно зрачење во инфрацрвениот дел од спектарот односно спектарот на зрачење на топлина. Зборот радијација значи зрачење на електромагнетни бранови. Зрачење е зрачење топлина (инфрацрвен дел од спектарот), светлина, UHF, VHF како нејонизирачки зрањења, како и UV, X зрањете, гама зрачења како јонизирачки зрачења. Сума сумарум секое топло тело (над апсолутна нула) зрачи топлина.
Е сега, кај грејниве тела овде во пракса и во областа на загревањето, разграничуваме конвекција или радијација зависно од тоа колкав процент од толината на кој начин ја оддаваат грејните тела. Така да еве пак повторувам:
- клима, коил, панелка, термо печка, радијатор сите тие 90% од топлината ја оддаваат преку конвекција (потпомогната од вентилатор или не). Нивна површинска температура е на пример 60 до 150 степени Ц.
- греалки со усвитени греачи на лија површина има 500 степени целзиусови што претставува јако зрачење во видлив и инфрацрвен спектар и би рекол дека топлината ја оддаваат 90% преку радијација на ЕМ зрачење во инфрацрвен спектар и само 10% преку конвекција.
Општо правило е, конвектори се грејни тела со голема грејна површина (радијатори, парна, термо печки, греалки на ѕид) а со релативна ниска површинска температура (60 до 150 степени) додека радијациски тела се оние со мала грејна површина (усвитени греачи) но висока површинска температура која интензивно зрачи ЕМ во инфрацрвен дел од спектарот.
Така да сите топли тела кои не се наоѓаат во вакуум и се во гравитациско поле греат конвективно, некои повеќе некои помалку.
Така да, во принцип си во право, само се надевам сега ти е појасен механизмот како тоа функционира и дека ти е сега јасно кои примарно конвектираат а кои примарно зрачат
