Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 657729 пати)

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2550 на: 29 Јануари 2017, 16:41:31 pm »
Ван, бога ми и си смешен. Џонтра е во право, парното ја предава топлината на воздухот, не ја зрачи наоколу како што ја зрачат кварцните греалки и оганот (камин) на пример. Што значи дека парното грее со конвекција. Зрачењето кое ти што го опишуваш кај парното, не е „главен дел“ туку е минимално.

Иначе прво викаше дека радијаторот само ја зрачи топлината, за подоцна неприметно да си го измениш тврдењето:

Не бе баче, ти си се измешал нешто. :)
Парно грее со радијација. Термо печка исто, ако не ја дуваш (а не ни треба, ако не сакаш да дишеш стаклена прашина).

Во:


Од друга страна нормално дека над секое тело што зрачи топлина (радијација), топлиот воздух ќе струи нагоре. Тој дел од греењето можеш да го наречеш конвекција затоа што тоа Е конвекција, но главниот дел од топлината се испушта во околината со зрачење (радијација).

Кај кварцните греалки греењето со конвекција е минимално, додека најголемиот дел доаѓа од зрачењето.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2551 на: 29 Јануари 2017, 18:47:29 pm »
Сите да се преселиме Скопје и на градско парно. За 3000 денари бања во сите соби, џабалак.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Ezekiel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 400
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2552 на: 29 Јануари 2017, 19:11:51 pm »
koj plakja 3000 mesechno za gradsko parno?!??
Cogito ergo zoom

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2553 на: 29 Јануари 2017, 19:15:30 pm »
Колку плаќате? Нека пишат сите колку плаќаат за градско парно и за колку м2?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2554 на: 29 Јануари 2017, 19:28:55 pm »
Околу 4000 за 90м2. Во Карпош парното не го гасат скроз, го оставаат малку топло, ама после 11 саат. Вчера на пример до 12 саат не можеше да се пипне парното.

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2555 на: 29 Јануари 2017, 19:56:33 pm »
Јас 2500 за 60м2, се тупам со БЕГ ке видам до кај ке стигнам,

Информативната пресметка е 30ден од 1м2

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2556 на: 29 Јануари 2017, 19:59:57 pm »
Доволно е. Како што и реков. Џабалак. Беспари. Со 3000 денари во куќа ќе згрееш само едно wc. Јас доаѓам во скопје заради парното. И така испадна дека сите градови подеднакво се загадени, не било само скопје смрад.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2557 на: 29 Јануари 2017, 20:04:11 pm »
Чувството на загреано WC во 7 сабајле е непроценливо.

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2558 на: 29 Јануари 2017, 20:05:35 pm »
Хахаја, тоа е најјакото :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2559 на: 29 Јануари 2017, 20:09:46 pm »
Шолјата не ми била топла од Октомври. БЕГ, Центар.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2560 на: 29 Јануари 2017, 20:22:48 pm »
Во право сум, или не сум?  ;)

Ванесаурус Максимус, воопшто не ситничам, само те исправам каде грешиш, за да научиш да не ти се закачи некој ситничар па да се гњавиш со него. Научил ти или не, конвекција си е конвекција, радијација си е радијација. Тебе не ти е јасен терминот радијација.

Секое тело кое е потопло од 0 келвини (-273 степени целзиусови) оддава топлина. Како што е илустрирано на слиакта што ти ја пратив има 3 начини на пренесување на топлина во средина каде нема вакуум и каде има гравитација тоест кај нас на земјава, па и на марс, на месечината и така натаму.
Секое тело потопло од 0 келвини зрачи електромагнетно зрачење во инфрацрвениот дел од спектарот односно спектарот на зрачење на топлина. Зборот радијација значи зрачење на електромагнетни бранови. Зрачење е зрачење топлина (инфрацрвен дел од спектарот), светлина, UHF, VHF како нејонизирачки зрањења, како и UV, X зрањете, гама зрачења како јонизирачки зрачења. Сума сумарум секое топло тело (над апсолутна нула) зрачи топлина.

Е сега, кај грејниве тела овде во пракса и во областа на загревањето, разграничуваме конвекција или радијација зависно од тоа колкав процент од толината на кој начин ја оддаваат грејните тела. Така да еве пак повторувам:
- клима, коил, панелка, термо печка, радијатор сите тие 90% од топлината ја оддаваат преку конвекција (потпомогната од вентилатор или не). Нивна површинска температура е на пример 60 до 150 степени Ц.
- греалки со усвитени греачи на лија површина има 500 степени целзиусови што претставува јако зрачење во видлив и инфрацрвен спектар и би рекол дека топлината ја оддаваат 90% преку радијација на ЕМ зрачење во инфрацрвен спектар и само 10% преку конвекција.

Општо правило е, конвектори се грејни тела со голема грејна површина (радијатори, парна, термо печки, греалки на ѕид) а со релативна ниска површинска температура (60 до 150 степени) додека радијациски тела се оние со мала грејна површина (усвитени греачи) но висока површинска температура која интензивно зрачи ЕМ во инфрацрвен дел од спектарот.

Така да сите топли тела кои не се наоѓаат во вакуум и се во гравитациско поле греат конвективно, некои повеќе некои помалку.
Така да, во принцип си во право, само се надевам сега ти е појасен механизмот како тоа функционира и дека ти е сега јасно кои примарно конвектираат а кои примарно зрачат :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2561 на: 29 Јануари 2017, 20:34:57 pm »
Чувството на загреано WC во 7 сабајле е непроценливо.

Во Карпош 1 кај што живеев во тоалетот имаше парно со иста големина како и во другите соби, кењаш и се потиш... На сред зима ми текна дека може да се затне, па се трпеше ;D

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2562 на: 29 Јануари 2017, 20:52:32 pm »
Дупло слабеење :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2563 на: 29 Јануари 2017, 21:11:44 pm »
Доволно е. Како што и реков. Џабалак. Беспари. Со 3000 денари во куќа ќе згрееш само едно wc. Јас доаѓам во скопје заради парното. И така испадна дека сите градови подеднакво се загадени, не било само скопје смрад.

Само знаеш дека 12 месеци се плаќа за парно, така?

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2564 на: 29 Јануари 2017, 21:21:14 pm »
Да. Сега плаќам 9, далеку поскапо секој месец.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need