Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 657734 пати)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2535 на: 27 Јануари 2017, 23:56:49 pm »
@marjanot  моја препорака да си ставиш топлинска пумпа со фенкојлери, нормално доколку финансиите не ти се проблем за почетната инвестиција.

Пријателиве кои што имаат поставено топлински пумпи им дојде сметка од околу 4500-5000 денари (само за топлинските пумпи) за втора половина на декември и прва половина на јануари (така го отчитувале струјомерот). Всушност имаат поставено две топлински пумпи, во куќа и во уште еден објект кои се поврзани на ист струјомер.

Во дневната (40тина м2) греењето е пуштено 12-14 часа да одржува 23 степени. Во спалната (20тина м2) исто така 12-14 часа на 17 степени. Во кујна се пушта по потреба но дали 1 час дневно кое не е за споменување. Во другиот објект во кој има 2 простории (вкупно 50 м2) греењето е пуштено 10-12 часа да одржува 21-22 степени, најчесто во периодот кога е скапа струја. И куќата и објектот имаат пвц дограма, изолација има околу 5цм стиропор.

Имам пишано и пак ќе пишам, топлината со фенкојлери или парно е попријатна (барем мене ми е) отколку што вели Луки топлата промаја на климите. Не инвертери, не мицубиши биле.

Друга работа што гледам Дени ја споменува, што ако топлинската пумпа откажи?! На топлинските пумпи имало греачи кои се приклучуваат и ја затоплуваат водата додека да се поправи пумпата. Нормално тогаш се троши 3 пати повеќе струја, но нема да останиш без греење.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2536 на: 28 Јануари 2017, 00:27:25 am »
Дај линкче некое за ваква изведба, кој изведува итн.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2537 на: 28 Јануари 2017, 00:27:53 am »
Имам пишано и пак ќе пишам, топлината со фенкојлери или парно е попријатна (барем мене ми е) отколку што вели Луки топлата промаја на климите. Не инвертери, не мицубиши биле.

Многу се јаки овие муабети за „попријатни“ и „потопли“ топлини.
На страна што топлината секогаш е истата топлинска енергија која може само да ја има доволно, недоволно, или премноги... Туку знаеш ли која е разликата во работата на фенкојлер и на внатрешна единица од клима?

Нема разлика! Во основата се тотално ИСТИ, вентилатор дува воздух низ хитсинк (саќе) низ кој минува загреан флуид, со што се загрева воздухот. Со други зборови конвекција.
Парното и печките се веќе радијација и тука можеш да зборуваш за разлика во „чуството“

Таму каде има разлика е во цената. Системот топлотна пумпа воздух-вода-фенкојлер кошта и до десетоструко повеќе од солиден инвертор клима уред, или три такви. Клима уредите исто во основата се топлински пумпи.



Друга работа што гледам Дени ја споменува, што ако топлинската пумпа откажи?! На топлинските пумпи имало греачи кои се приклучуваат и ја затоплуваат водата додека да се поправи пумпата. Нормално тогаш се троши 3 пати повеќе струја, но нема да останиш без греење.
За парите ќе земеш 10 солидни инвертор клими, или 20 поевтини. Не да ќе бидеш осигуран од расипување на една од климите, туку што да ти кажувам...  ;D


едит:
Една работа која често се заборава е исплатливоста.
Системот топлотна пумпа воздух-вода-фенкојлер кошта толку пари да во просечна куќа или стан никогаш нема да се исплати преку заштедата. Проектирај му работен век од 10тина години, и пресметај колку штеди во однос на обично греење на струја. Поевтино ти е на панелки да се грееш.
« Последно менување: 28 Јануари 2017, 00:33:31 am Van »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2538 на: 28 Јануари 2017, 00:43:16 am »
Ване брате ти се си испомешал.

Парно, термо печка, клима, коил, калорифиер све е тоа конвекција.

Единствен пример за радијација се оние греалкине со греачи кои светат портокалово или оние греалкине у купатило што стоеја над врата тоест високо до таван :D


Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2539 на: 28 Јануари 2017, 00:45:13 am »
a so pravime so nesporno "odlicniot" napon vo zimski meseci od "240v" i "postojanata" struja na site fazi? ili koga ke snema struja na nekolku casa... :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2540 на: 28 Јануари 2017, 00:48:34 am »
Тогаш ќе се гушнете под јорганче ;)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2541 на: 28 Јануари 2017, 01:20:20 am »
Не бе баче, ти си се измешал нешто. :)
Парно грее со радијација. Термо печка исто, ако не ја дуваш (а не ни треба, ако не сакаш да дишеш стаклена прашина).

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2542 на: 28 Јануари 2017, 07:24:36 am »
a so pravime so nesporno "odlicniot" napon vo zimski meseci od "240v" i "postojanata" struja na site fazi? ili koga ke snema struja na nekolku casa... :)
Парно и онака се гаси од 10 до 6. Ѕидовите и мебелот имаат доволно акумулирано топлина за да држат топлина неколку часа.
А за повеќе ако живееш во такво подрачје се знае дека мора да се има биомаса и мала печка на дрво. Ама во градови секако дека нема потреба.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2543 на: 28 Јануари 2017, 13:02:59 pm »
парно кога е многу ладно работи и до подоцна 10 не е фиксно време на гасење

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2544 на: 28 Јануари 2017, 13:08:53 pm »
Железара грее 24/7 ама ако ти се погоди да си железарско и маџари. Нема подобро од железарско.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2545 на: 28 Јануари 2017, 13:31:59 pm »
и монгу топло не е на арно, кога надвор смрди и неможеш да излуфтираш :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2546 на: 28 Јануари 2017, 13:41:29 pm »
ќе потзатегнеш некој вентиљ по радиаторите ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2547 на: 28 Јануари 2017, 20:05:15 pm »
Не бе баче, ти си се измешал нешто. :)
Парно грее со радијација. Термо печка исто, ако не ја дуваш (а не ни треба, ако не сакаш да дишеш стаклена прашина).

Не не не не, ти си згрешил нешто. За да работи на принцип на радијација мора површинската температура да биде многу многу многу висока и да свети во инфрацрвен спектар со голем интензитет.

Остави тоа што радијаторот се вика радијатор, ослободува топлина на принцип на конвекција. Конвекција имаш кога се создава разлика во притисокот на воздухот, топлиот оди нагоре, а ладниот доаѓа од доле и тука се создава струење.

Радијација значи силно светење во инфрацрвен спектар и загревање на околните предмети.
Типичен пример за конвекција: стави ја раката покрај парното не осеќаш многу топло. Стави ја раката над парното шиба топол воздух.
Типичен пример за радијација: стави ја раката било каде дури и на два метра пред греалка со видливи и усвитени греачи сакаш горе/сакаш доле осеќаш топлина. Стави некој предмет пред неа да држи сенка, дури и на 50 сантима од греачите не осеќаш топлина.


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2548 на: 28 Јануари 2017, 23:04:05 pm »
ќе потзатегнеш некој вентиљ по радиаторите ;)
Зашто да го затегне кога го плаќа  ако треба ќе се гушат ама нема сопирање  ;D

Sent from my Huawei P9


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2549 на: 29 Јануари 2017, 16:24:23 pm »
Остави тоа што радијаторот се вика радијатор, ослободува топлина на принцип на конвекција. Конвекција имаш кога се создава разлика во притисокот на воздухот, топлиот оди нагоре, а ладниот доаѓа од доле и тука се создава струење.

Баче, радијаторот од парното токму затоа се вика радијатор - затоа што зрачи топлина.
Од друга страна нормално дека над секое тело што зрачи топлина (радијација), топлиот воздух ќе струи нагоре. Тој дел од греењето можеш да го наречеш конвекција затоа што тоа Е конвекција, но главниот дел од топлината се испушта во околината со зрачење (радијација).
Така можеш да кажеш и дека сите уреди кои зрачат топлина (радијација) - дека греат и со конвекција.


Всушност ако баш ситничариш можеш да кажеш дека одредена конвекција имаш кај сите можни грејни тела и уреди, ама само некои од нив грејат и со радијација.
Во право сум, или не сум?  ;)