..
Прво 70% е премногу. Максимум може да биде субвенција до 30% освен ако не се работи за области погодени од непогоди или слично.
..
ако достигнува 10-20 пати повеќе пати концетрација пм10 над макс дозволено онда ги има сите дефиниции на непогода. А останатите мерки што ти ги кажа држат и треба да се направат.
Него, проблем е што загадувањето не е приоритет во оваа држава, а со ситни мерки како субвенции на пелети - ништо не се прави, тоа е како да ставаш дезедоранс на немиена мишка. Ете јас погоре напишав 210 М евра ќе ја сменат реално состојбата.
Мое мислење е дека ова се приоритети на политичкиве елити во мк:
1. Да се наполнат со пари за 10 поколенија.
2. Да направат контакти и сфери на влијанија уште за 10 поколенија.
3. Да партизираат и да ја зголемат администрацијата до најниско ниво (чистачка) и од нормални млади луѓе да направат неспособни кленови кои треба да се плашат од сопствена пропаст ако падне власта. Со ова ги држат за муда и нив нивните поблиски семејства.
4. Да ги партизираат судовите во сите нивоа, да се пресуди се што сакаат по нарачка. Врховен суд ги менува судиите на 9 години, па дури и да изгубат власт да бидам моќни уште долго време.
5. Да направат монопол во медиумски простор и да прават спинови по нарачка а притоа да кријат сериозни криминали.
6. Да направат забегани проекти како Ск2014 и да станат бесмртни и запамтени од следните генерации. *Ако веќе правеа нови згради требаше да ја поместат администацијата од центар во други насебли како на пример Илинден или идеално во други градови и така ќе намалеа загадување.
7. Да ги уништат нивните противници праќајки им замки од типот "сакам да ти дадам пари" а ги снимаат со камера и од типот "прати им инспекција и потсети ги да не купуваат веќе од тој и тој"
8. од албанските политичари - крајна цел федерализација. Албанските политичари никако да кажат отворено што сакаат крајно од нас, нека кажат па да се разбереме како луѓе.
9. спроведување на странски планови за креирање криза во Мк. Општ впечаток е дека странците сакаат криза тука заради нивни математики. За ова сами сме си криви.
...
255. Чист воздух