Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 658465 пати)

Отсутен ford_mkd1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2460 на: 13 Јануари 2017, 02:07:27 am »
Колите и гужвите се огромен проблем. Дефинитивно стануваат проблем со паркирања и гужви.

Но, согласно темава со загадување немаат допирна точка барем во Скопје. Не за џабе во грејна сезона загадувањето рипа 10 струко, а истите коли се возат.

Нема везе. Сите знаат од каде е загадувањето. Ама ниедна влада нема да каже зошто ќе увреди 50% од жителите и недајбоже за неа нема да ја гласа народ. Иначе најлесно е, забрани употреба на биомаса надвор од регистрирани термоцентрали и топлификација. Чао-пријатно. Толку е потребно. Изгуби си ги сите избори и терај даље, си се жртвувал за народот. Оди по отпадиве кај што горат ѓубре испоказни и испопикај по затвори, оди по куќиве земи испоказни све и конфискувај дрва. Ајт! Решен проблем.

Ама не оди така. Мора да дадеш алтернатива како на пример пелети (и клима уреди најважно), па после да забрануваш и ставаш акцизи. Не е дека не знаат, туку намерно се врти ко киша око Крагујевца за да „сфати“ сам народот дека сам себе се труе.

јас се греев на дрва, а сега на пелети и инвертер комбинирано. Ако направам груба споредба, греење на дрва ми беше поскапо 1,5 пати од инвертер клима, а на пелети 3 пати поскапо него инвертер. Инвестиција за котел на пелети (има капацитет од 250м2) сосе парно инсталации за 100м2 ми беше 5000 евра а инвертерот 1100евра. Значи пелетите се скапа играчка, а инвертерот е убедливо најповолен и најеколошки, со мала напомена дека греењето е многу попријатно со парно или печка на дрва. Нема народов 1000евра да стави инвертер тоа е проблемот. Да би одлучувал јас, би дал субвенција со голем процент, пример 70-80% за инвертери и тоа само за делови кои немаат гасификација и се во поголемите градови.  Пример да се такви 300 илјади домаќинства * 70%*1000 евра =210М евра. И решен проблем.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2461 на: 13 Јануари 2017, 07:35:38 am »
Нема 1000 евра за ѕверот што го постирам ама има за печка на дрва/пелети од 1500?

Присутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2462 на: 13 Јануари 2017, 07:49:58 am »
Нема 1000 евра за ѕверот што го постирам ама има за печка на дрва/пелети од 1500?

Климата работи на струја. Ја купуваш, уштекуваш у ѕид и се грееш.
Печката на пелети работи на суровина што може да ја продава тој што дава субвенции за печки на пелети. Исто како инк-џет принтер. Принтерот е ефтин, ќе го купиш, ама после ќе се шинеш пари давање за кертриџи.

Никој не мисли на економичност, екологија и економска исплатливост.

А колку само ќе беше добро, да ги вложеа парите од кредитите за спомениците и зградите во ветерници, соларни електрани и слично, за да обезбедат енергетска стабилност и избегнат скап увоз на струја. Субвенционирај после купување на инвертери, соларни котли и слично. 

Ама не, подобро е да го гледаме к*рот на букефал на плоштад, и да се грееме на дрва, зашто нема бизнис у соларни електрани и ветерници.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2463 на: 13 Јануари 2017, 09:07:08 am »
Мислам дека фали до-едукација на народов за да сфати што е најисплатливо.
70% од луѓето не се ни запознаени дека може на „клима“ условно кажано да се грееш па оттука и проблемите со пелети и дрва.

Мислам дека владата уопште не ја интересира ниту загадување ниту на што се грее народот.

А да не разговараме што би се случуло со природата ( на подобро секако ) доколку не се исцепат во една година милиони кубици дрва.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2464 на: 13 Јануари 2017, 09:46:12 am »
едукација фали за се, не само за загадувањето

затоа ке си биде како што е

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2465 на: 13 Јануари 2017, 09:48:33 am »
Мислам дека фали до-едукација на народов за да сфати што е најисплатливо.
70% од луѓето не се ни запознаени дека може на „клима“ условно кажано да се грееш па оттука и проблемите со пелети и дрва.

Мислам дека владата уопште не ја интересира ниту загадување ниту на што се грее народот.

А да не разговараме што би се случуло со природата ( на подобро секако ) доколку не се исцепат во една година милиони кубици дрва.
И пред се имаат искуство со преефтини клима уреди кои едвај греат. И мислат дека неможе да се грее на клима БАШ од тие причини. Нивното резонирање е такво зошто искуството им е погрешно.

И плус страв им е да дадат 1000 евра за нешто што не се сигурни (они не се) дека функционира. А печка на дрва знаат дека функционира.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2466 на: 13 Јануари 2017, 10:02:03 am »
Во моментов во Карпош е трипати повеќе загаден воздухот од сите други места во Скопје....

Sent from outer space

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2467 на: 13 Јануари 2017, 10:24:14 am »
Нема 1000 евра за ѕверот што го постирам ама има за печка на дрва/пелети од 1500?

Климата работи на струја. Ја купуваш, уштекуваш у ѕид и се грееш.
Печката на пелети работи на суровина што може да ја продава тој што дава субвенции за печки на пелети. Исто како инк-џет принтер. Принтерот е ефтин, ќе го купиш, ама после ќе се шинеш пари давање за кертриџи.

Никој не мисли на економичност, екологија и економска исплатливост.

А колку само ќе беше добро, да ги вложеа парите од кредитите за спомениците и зградите во ветерници, соларни електрани и слично, за да обезбедат енергетска стабилност и избегнат скап увоз на струја. Субвенционирај после купување на инвертери, соларни котли и слично. 

Ама не, подобро е да го гледаме к*рот на букефал на плоштад, и да се грееме на дрва, зашто нема бизнис у соларни електрани и ветерници.

Некогаш некој и треба да увезе струја преку човек фирма :) или пак локомотивата да потроши 20% повеќе нафта :) итн итн ако се би било идеално како некој ќе вози кола од 80к на 20 години :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2468 на: 13 Јануари 2017, 10:39:27 am »
само ќе беше добро, да ги вложеа парите од кредитите за спомениците и зградите во ветерници, соларни електрани и слично, за да обезбедат енергетска стабилност и избегнат скап увоз на струја. Субвенционирај после купување на инвертери, соларни котли и слично. 

Ама не, подобро е да го гледаме к*рот на букефал на плоштад, и да се грееме на дрва, зашто нема бизнис у соларни електрани и ветерници.
Ние имаме најефтина струја. Неможе да инвестираш во нешто што би го направило веќе најефтиниот продукт поефтин. Нема логика. Се инвестира во нешто што е скапо за тоа да поефтини и да се зголеми потрошувачка. Проблемот во ниеден случај не е во цената на струјата кај нас. Без разлика од каде доаѓа. А тоа особено не треба да го занима просечниот граѓанин. Него треба да го интересира сметката, а таа е зачудувачки мала во споредба со други.

За делот со субвенционирање на клима уреди ЈАС СУМ НАЈВЕЌЕ „ЗА“! Меѓутоа... Ах ова е тешко сега... Пфффф... Ќе земат безвезни клими што не греат... И само ќе соберат инвестиции и ќе кенкаат дека џабе биле инвестициите. Треба некако да се земе да се специфицира да се субвенционираат такви и такви клими, со некоја мерка. Рецимо 3COP фактор на -7 степени надвор. Нешто во тој стил рецимо. А не да земат безвезе најефтини инвертори од 19000 денари и уште субвенција ќе дојде 15000 сибало мајката тој инвертор. И башка како ќе измериш? Кинезиве ќе ти пишат „Да бе брат ЦОП5 има климава, и вади 4кв на -7, да бе брат“ Хартија трпи. И после тикви. Тоа е. Среќа има Еуровент сертифицирање па кој сака може да си го измери колку му е долг.

Муабетот ми е дека е стварно тешко да избегнеш малверзации со климите зошто немаат некои конкретни мерки кои би требало да ги има. Ете ја табелата од еуровент што ја ставив. Тоа треба да се субвенционира и да стане подостапно на народот. А не 19000 денари клими. Не е лесно. Напротив тешко е.

Отсутен ford_mkd1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2469 на: 13 Јануари 2017, 11:52:09 am »

точно така во случај на субвенционирање на инвертер клими, услов би бил соодветен еуровент сертификат (одма одпаѓаат Нео,Квадро па и Грее и Вивакс/Мидеа), што одма ќе крене цена ама нема да има непријатни изненадувања. Јас би ги натерал луѓето да се уверат во предностите на инвертер климите преку субвенција од 70% и со тоа што би забранил употреба на греење на цврсто гориво - нормално само во големите градови (5-10 на број) а субвенцијата не бил дал на места каде веќе има гасифицирано парно како што е 2/3 од Скопје. Не е тешко ова, ете погоре израчунав грубо дека 210М евра би било тоа, ама зијанот за буџетот ќе биде поголем заради тоа што нема да шитка дрва на пола Македонија. Да не зборувам дека може да никнат нови фирма за монтажаи одржување на климите и во идеален случај да направиме свој бренд кој ќе увезува квалитетни копресори од Грее и електроника па да ги склопуваме со наш бренд :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2470 на: 13 Јануари 2017, 12:02:04 pm »

Прво 70% е премногу. Максимум може да биде субвенција до 30% освен ако не се работи за области погодени од непогоди или слично. Значи 30% и максимален износ на субвенцијата од 15.000 денари. Значи тоа е оптимумот. Позиционираш максимален бенефит од субвенции да имаш во рангот на клими од 45-60000 денари. Каде се и најоптималните. За да не им субвенционираш клими од 150.000 денари, а истовремено да не се исплати поефтина.
Второ еуровент. И тоа само над 3kv на -7 по еуровент или некој таков критериум.

А во меѓувреме ставаш 10% акциза на луксуз за дрво, зошто е луксузен производ. Па по кубик цената и така. И Лисиче малку да се подоправи да не е најзагаден регион што смрди на дрво секогаш.

После регулатива за издувни гасови и смрдење. Со што ќе намалиш употреба на гуми, и прегорено масло за 40-50% од сега. Па малку овие приградскиве да се подоправат.

И остануваат уште ромите што палат отпади. На нив треба да се види како да се помогне, ама мора да се помогне со неуништиви работи. Зошто уништуваат било каква донација во рок од една до 3 години. Ова е најтешкиот чекор. И голем дел од загадувањето околу Булевар Словенија доаѓа од ова.

И така. Ред по ред.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2471 на: 13 Јануари 2017, 12:05:39 pm »

Зарем има поголема природна непогода од воздухов што го дишеме?
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2472 на: 13 Јануари 2017, 12:19:33 pm »
На времето имаше нафтени и плински печки. Баба ми знам ден денес си има нафтена печка дома. Печката е стара околу 40 години и е во топ кондиција.

LPG Gas stove

Alfa Plam Vranje имаат плински печки

Нека даваат субвенции за ова. не знам дали работата на принцип на гасовод или може боца да се врзи на нив, ама што и да е може да се субвенционираат овие печки.

Ама што вика zlatkoa поважно е да ги гледаме ташаците на Букефал на плоштад и да се бориме за еднојазичност.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2473 на: 13 Јануари 2017, 12:26:11 pm »
плинската печка колку што знам одние со боца издувните гасови ти го остава во просторијата што ја грееш, така да воопшто не се добри за тебе.

барем онаа што сум ја видел јас

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #2474 на: 13 Јануари 2017, 12:49:49 pm »
Јас сега баш гледам дома да се стави централно греење на пелети. Нешто што сум сигурен дека ке може да загрее 4 соби, купатило, ходник, околу 100 м2 и може да се додаде и бољер да грее вода. Системот е проверен и функционира и е исплатливо. Како би можело тоа истото поефикасно да се постигне на клима ? Ке треба да ставам клима за секоја соба ?