Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 594982 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1365 на: 01 Февруари 2015, 13:42:30 pm »
А зошто во лето кога поголем дел од лугето се вратени во своите градови, дел се по одмори и кога нема греење на дрва, зошто тогаш овие пм10 честици не се во рамките на дозволената граница ?

?

Затоа што има и други извори на тие загадувања кои се доволни да се надмине дозволената граница.

Но, едно е да си 120% од дозволеното, а друго е да си 2000% посто од дозволеното. И 120% и 2000% се „над дозволеното“ ама не е исто. За 120% ќе завршат работа фабрики без катализатори и 20 години стари дизели. Но за 2000% треба некој извор на пм кој е толку јак во споредба со кој колите и фабриките се детска играчка. Како на пример масовно греење на дрва.

1. Мора ли у сабота да тупиш, дај барем за викенд полабаво.

Оу извини молим те. Кои денови ги одобруваш?

Да се изразам попрецизно, сакав да кажам дека не верувам на бројките, а особено на прикаските што ни ги пласираат нашиве медиуми, со таквиот израз само сакав да потенцирам колку сметам дека лажат.

Мхм. Како тогаш знаеш дека воопшто има загадување? Може уствари ваздухот ни е петка, ама не лажат дека има загадување.

Имаме Кими загадување над дозволеното? Ако „да“ - од кај знаеш?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1366 на: 01 Февруари 2015, 13:46:45 pm »
Значи греењето во зима само долева бензин, ама не е основен извор на загадувањето ?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1367 на: 01 Февруари 2015, 13:47:41 pm »
Значи греењето во зима само долева бензин, ама не е основен извор на загадувањето ?

Основен е за ТОЛКАВО загадување, и тоа како е основен. Во споредба со греењето, другото е пичкин дим.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1368 на: 01 Февруари 2015, 13:59:42 pm »
Основен е за ТОЛКАВО загадување, и тоа како е основен.

Само за периодот ноември-март така ?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1369 на: 01 Февруари 2015, 14:03:22 pm »
Па тогаш се уриваат рекордите. Во остатокот на годината пак е загаденоста над дозволената, но ни приближно толку колку што е во грејна сезона. Ни приближно.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1370 на: 01 Февруари 2015, 14:13:38 pm »
Ок, ама треба да го најдеме и тој загадувач што останатите 7 месеци ги држи тие честици исто така доста над дозволеното.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1371 на: 01 Февруари 2015, 14:25:09 pm »
Ок, ама треба да го најдеме и тој загадувач што останатите 7 месеци ги држи тие честици исто така доста над дозволеното.

И што ако го најдеме? Загадувањето ќе спадне од 2000% на 1980% над дозволеното? Голема работа...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1372 на: 01 Февруари 2015, 14:28:00 pm »
Не само што е незначителен тој загадувач, туку и обезбедува работни места, обезбедува фамилии со плата, и не сече шуми.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1373 на: 01 Февруари 2015, 14:28:31 pm »
Овие со дрвава и јагленов да ги скинеме викаш а?
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1374 на: 01 Февруари 2015, 14:29:56 pm »
Да ги решиме еднаш засекогаш со електрично или гасно греење. И да ги намалиме трошоците за респираторни заболувања трајно. А и да не се срамиме пред светската здравствена организација.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1375 на: 01 Февруари 2015, 14:30:18 pm »
Ок, ама треба да го најдеме и тој загадувач што останатите 7 месеци ги држи тие честици исто така доста над дозволеното.

Види, на 0 загадвањето не може да се донесе. Битно е да се средат оние критичните загадувачи прво...

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1376 на: 01 Февруари 2015, 14:32:51 pm »
Па најкритични се 5 месеци, а ние 12 месеци константно имаме загадување доста над дозволеното.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1377 на: 01 Февруари 2015, 14:34:35 pm »
Ама едно е 120% над дозволеното, друго е 2000% над дозволеното.

Гледај на тоа вака. Си испил 3 пијачки, или си испил 2 флаши виски. И со двете варијанти си над дозволената граница за возење, ама во втората варијанта си завршил на токсикологија.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1378 на: 01 Февруари 2015, 14:38:49 pm »
Па најкритични се 5 месеци, а ние 12 месеци константно имаме загадување доста над дозволеното.

некаде прочитав дека у просек имаме само околу 40 дена годишно у кои загадувањето ни е во рамки на дозволеното

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1379 на: 01 Февруари 2015, 14:43:38 pm »
Сечата ако се прекине, воздухот дополнително ќе се подобри и во поглед на честички и во поглед на концентрација накислород. На три фронта напаѓа грееењто на дрва. Ем намалува апсорпција на CO2 (западен фронт), ем испушта огромни количини на CO2 во атмосферата (јужен), и источниот фронт од WW2 кој е како и секогаш 90 пати поголем од сите други фронтови заедно - неколку тони честички во атмосферата секој ден.