Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 594977 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1350 на: 01 Февруари 2015, 00:53:03 am »
Мислиш дека во Скопје не се греат на дрва?

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1351 на: 01 Февруари 2015, 00:55:16 am »
Не може никој да ме убеди дека проблемот се автомобилите и домаќинствата што се греат на дрва.

Дури ни ако се презентирани суви факти, мерења, статистики и такви работи. И понатаму не може никој да те убеди?

Реченицата „никој не може да ме убеди“ веќе сама по себе е проблематична и на никого не му препорачувам да ја каже кога било. А особено после толку презентирани графици, табели, мерења и дедуцирања.

Нема никаква здрава логика, загадувањето да е неколку пати поголемо во вечерните и раните утрински часови, кога фрекфенцијата на автомобили е значително намалена, а домаќинствата не се ни греат на дрва.

Како бе Кими „домаќинствата не се ни греат на дрва“ кога сме рекордери у процент на домаќинства кои се греат на дрва, и тоа АПЛА рекродери? Нема да никаква логика загадувањето да НЕ Е неколку пати поголемо навечер за време на грејна сезона. Зарем Железара работи само ноќе и само во зима? Еве сега ич не работи Железара, па пак загадување колку сакаш.

1. Мора ли у сабота да тупиш, дај барем за викенд полабаво. Да се изразам попрецизно, сакав да кажам дека не верувам на бројките, а особено на прикаските што ни ги пласираат нашиве медиуми, со таквиот израз само сакав да потенцирам колку сметам дека лажат.

2. Ајде да прецизирам и тука, мислев во доцните вечерни часови кога загадувањето нагло се зголемува, јас не познавам ниту пак сум слушнал дека некое домаќинство кое користи било каков тип на греење, се грее после полноќ. Додека пак за Железара зборував во минато, не знам сега како е ситуацијата, ама страшно не труеше.

Сепак, се уште си стојам на ставот дека главните причинители на загадувањето не се автомобилите и домаќинствата кои што се греат на дрва. Да, тие може да го зголемат загадувањето, но не толку драстично како што тоа е сега.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1352 на: 01 Февруари 2015, 00:59:45 am »
Мислиш дека во Скопје не се греат на дрва?

Се греат на све што ќе стигнат, исто и во останатиот дел од Македонија. Еве со исклучок на Тетово, зошто во останантите градови каде примарно народот се грее на дрва нема толкави смогови, загадувања и микрочестички? Нешто друго ги ебе кокошките, сепак.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1353 на: 01 Февруари 2015, 02:03:26 am »
Не е камбана, приватна зграда е. :) И по куќи сум видел ги ставаат.

Знам точно која зграда е. На тоа минарето следни избори квазимодо ќе излезе да мафта. Ги има иначе и по приградски и селски бандери ги веат овие изгледа за вардар навиваат.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1354 на: 01 Февруари 2015, 09:14:37 am »
Точка 1.Кога престана да работи Железара,одма се примети разликата во загадувањето,но тоа не значи дека само Железара загадувала
Точка 2.Зашто ја заборавате Цементарница и нивното палење на гуми кои го прават само зимно време кога рано се стемнува,и искористување на мирисот на запалени дрва за да се затскријат
Точка 3.Никој,ама никој и мене неможе да ме убеди дека во 22 часот навечер нагло сите почињаат да ги палат огништата дома,и искачаат со автомобилите за да така драстично рипаат бројките на PM10 чистици,а не ретко и на CO
Точка 4.Размислета на која позиција се Цементара и Железара во однос на Водно и Скопска Црна Гора и движењето на ладниот воздух,па ќе биде малце појасно зашто баш на мерната станица Лисиче се читаат најголемите вредности на PM10 во цело Скопје
Точка 5.Кога ќе направат истражување,студија,елаборат или што и да е надлежните и стручни лица што ова им е работа и ќе кажат да,колите и домаќинставата се тие што се најголеми загадувачи,тогаш би прифатил дека стварно е до нив,а не паушално тресење на глупости и кажување смешки од поранешниот министер без грам школо,а ништо подобар не е ни новиов

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1355 на: 01 Февруари 2015, 09:22:40 am »
И ние од Ѓорче ви испраќаме во Ново Лисиче поздрави ;)

Not a valid youtube URL


« Последно менување: 01 Февруари 2015, 09:32:39 am Simo - Carrier166 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1356 на: 01 Февруари 2015, 10:57:31 am »
После истиот овој кога ќе фати внукот/синот негов астма (не дај Боже нормално) ќе ќења дека луѓето немаат еко свест

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1357 на: 01 Февруари 2015, 11:03:09 am »
A fireplace pollutes the air as much as 1,000 cars
http://www.grreporter.info/en/fireplace_pollutes_air_much_1000_cars/8814



Цитат
The main reason for the increased concentration was the wood burning during the night hours. According to researchers, 90% of the pollution was due to it.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1359 на: 01 Февруари 2015, 11:18:25 am »
Heating with wood: not as “environmentally safe” as you might think.



http://www.mddelcc.gouv.qc.ca/air/chauf-bois/index-en.htm

Цитат
Whether the smoke released comes from a woodstove, a fireplace or a campfire, it is not as “environmentally safe” as you might think. According to Environment Canada, a woodstove that is not certified emits as many fine particles into the air in 9 hours as a mid-size automobile traveling 18,000 km.

Цитат
Heating with wood represents a major source of contaminant discharge in the air: carbon monoxide (CO), volatile organic compounds (VOC), fine particles (PM2.5), nitrogen oxides (NOx) and polycyclic aromatic hydrocarbons (PAH). Smoke from the combustion of wood is present both inside and outside the home.

In residential neighbourhoods where wood heating is common, exposure to contaminants from chimney smoke can have a significant impact on health.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1360 на: 01 Февруари 2015, 11:19:24 am »
крадам, тенќу

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1361 на: 01 Февруари 2015, 11:42:42 am »
Има и еден друг фактор што деновиве го разбрав, наиме приватњаци почнале да штанцаат сами пелети. Ај тоа се ок ама замислете дека разбрав дека во нив ставаат и хартија од стари филтри за воздух, гориво и остали глупости што се користат по машини и возила. А тоа што се има во него да не збориме уопште.... Муабетот е абе знаеш се става од тоа и  ептен подобро гори...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1362 на: 01 Февруари 2015, 11:43:37 am »
Горење биомаса наспрема загадувањето од 50 години стара електрана на јаглен, 3 пати поголема емисија на честички


6 пати повеќе емисија на честички од 50 години старата електрана на јаглен во


Споредба на модерна електрана на биомаса, наспрема работа на гас, 67 пати повеќе опасни материјали во воздухот.


http://www.maforests.org/Chris_Matera_Biomass_Reality_Check.pdf


Сето тоа ѓубре, на сметка на касапење на шумите.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1363 на: 01 Февруари 2015, 12:33:32 pm »
A ако зборуваме за домаќинствата:

http://www.bnl.gov/isd/documents/71376.pdf

Пелетите се најефикасно согорување на биомаса (дрво) денес и се почисти за 3-4 пати од печките на дрва. Но и покрај тоа тие имаат 1800 пати поголема емисија на честички од домаќинско греење на гас. Или 15 пати поголема емисија на честички отколку греење на нафта.

Не е работата да се заклучи колку многу загадува горењето на дрва. Туку поентата е да се сфати магнитудата на загадувањето од горење дрва. Магнитудата е во експоненцијален степен. Кога нешто е 2-3 пати полошо се вели дека е полошо, кога нешто е 10-20 пати полошо е многу лошо. Кога нешто е илјадници ПАТИ полошо од нешто друго, тоа е елементарна катастрофа.

Дискусијата на тема „коли“, е многу смешна кога се работи за магнитуда од илјадници пати.

10.000 домаќинства кои се греат на дрва (4 часа дневно да гори дрво), имаат еквивалентно загадување на грубо 5 милиони просечни возила кои поминуваат 30км во денот.

10.000 домаќинства кои се греат на дрво загадуваат колку држава со 18 милиони домаќинства (Шпанија, Турција) да се грее целата на гас. Тоа е магнитудата на загадувањето за кое зборуваме тука. Степен од илјадници пати.

10.000 домаќинства кои се греат на дрво загадуваат 20 пати повеќе отколку да се греат на струја од електрани на јаглен кои се поставени веднаш до нивните куќи. Загадуваат стотици пати повеќе отколку да се греат на струја од гасна електрана поставена до нивните куќи.

10.000 домаќинства кои се греат на дрво загадуваат колку 10 индустриски капацитети кои горат јаглен, колку 100 индустриски капацитети кои горат гас. Магнитудата на загадување од илјадници и илјадници пати си го прави своето. Степенот на загадување не е ни приближен, ниту споредлив.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1364 на: 01 Февруари 2015, 13:39:32 pm »
А зошто во лето кога поголем дел од лугето се вратени во своите градови, дел се по одмори и кога нема греење на дрва, зошто тогаш овие пм10 честици не се во рамките на дозволената граница ?

?