A ако зборуваме за домаќинствата:
http://www.bnl.gov/isd/documents/71376.pdfПелетите се најефикасно согорување на биомаса (дрво) денес и се почисти за 3-4 пати од печките на дрва. Но и покрај тоа тие имаат 1800 пати поголема емисија на честички од домаќинско греење на гас. Или 15 пати поголема емисија на честички отколку греење на нафта.
Не е работата да се заклучи колку многу загадува горењето на дрва. Туку поентата е да се сфати магнитудата на загадувањето од горење дрва. Магнитудата е во експоненцијален степен. Кога нешто е 2-3 пати полошо се вели дека е полошо, кога нешто е 10-20 пати полошо е многу лошо. Кога нешто е илјадници ПАТИ полошо од нешто друго, тоа е елементарна катастрофа.
Дискусијата на тема „коли“, е многу смешна кога се работи за магнитуда од илјадници пати.
10.000 домаќинства кои се греат на дрва (4 часа дневно да гори дрво),
имаат еквивалентно загадување на грубо 5 милиони просечни возила кои поминуваат 30км во денот.
10.000 домаќинства кои се греат на дрво загадуваат колку држава со 18 милиони домаќинства (Шпанија, Турција) да се грее целата на гас. Тоа е магнитудата на загадувањето за кое зборуваме тука. Степен од илјадници пати.
10.000 домаќинства кои се греат на дрво загадуваат 20 пати повеќе отколку да се греат на струја од електрани на јаглен кои се поставени веднаш до нивните куќи. Загадуваат стотици пати повеќе отколку да се греат на струја од гасна електрана поставена до нивните куќи.
10.000 домаќинства кои се греат на дрво загадуваат колку 10 индустриски капацитети кои горат јаглен, колку 100 индустриски капацитети кои горат гас. Магнитудата на загадување од илјадници и илјадници пати си го прави своето. Степенот на загадување не е ни приближен, ниту споредлив.