Убаво си почнал. Сме зборечле и порано. Лани имаше субвенција јан-фев за прозори гледај да ја фатиш ако ја има годинава. Барај по интернетов како одеше. Јас ја утнав лани закаснив. Тоа ти е најбитен следен чекор. (Без разлика на што се грееш)
Таванот изолиран е? Или не? Или плоча кон друг стан? Тоа треба да се ѕирне. Ако има простап да се нареди бар два реда волна. Ако е изолиран тогаш супер или кон друг стан супер. Тоа ако може да се потсреди.
Исто откога ќе се сменат прозорите земи пиштол и силикон акрилен (70-100 денари туба) и заптивај се што е дупче или процепче. И од надвор и од внатре. Околу прозори ако има негде, вратите кон внатре надвор, оџак ако има некој што не се користи. Штекери ако има некои низ кои дува, кај спојот на патосот. Ако има таванска врата. Значи заптивањето на објектот да се подобри до максимум за да се избегне промаја комплетно.
Ќе земеш Филипс сијалици од Манекс или на попуст од 10w-13w 2700к на попуст. Околу 150 денари макс треба да е парче и ќе ги смениш на сите битни места што горат највеќе. Значи 5-10 комада за почеток па здравје понатака повеќе да не е наеднаш трошок.
И после здравје боже ќе видиш како ќе оди. И дрво ќе се намали барем на упола ако не и повеќе. И после ако имаш клима упали ја само. Било каква клима. Колку да видиш како е што е.
И за наредна година здравје размисли за инвертер (ако немаш веќе). За дневниот простор. Најефтин за греење е vivax aeri 28000, gree lomo 30000. Pozelno e gree hansol 40000 so dupli kompresor. Nekoj panasonic ili mitsubishi. Парапента е исто одлично 42000. Тоа се гледа која понуда е најповолна во моментот. И на која најголем попуст ќе можеш да земеш. Најубаво е хиперинвертер scop 5.1 ама баја скапи се.
Зависно од зимата ти пак ќе си земеш дрвце ама помалку. Оваа рецимо е топла зима. Ретко под 0 да има. Лани беше бајаги поладна. И ставаш рецимо 24-27Ц со вифи со све си командаш преку телефон. Поскапиве и неделен тајмер имаат. Зависи како ти личи 90% да трпи климата. Осетиш ли да ти залади си ставаш дрвце едно мало. Тоа испумпава топлина во просторот. Климата сама приметува дека се крева температурата и самата (ако е инвертер) ќе намали компресор. За пола саат-саат ќе догори дрвцето и она ќе примети пад на температура и ќе покачи компресор.
Муабетот е дека слободно може и сама, може и да комбинира. Зависи кој како сака. Само мора да работи 24/7 климата. Неможе да ее гаси.
Како и да е без прозори ништо... 
На приземје сум. Плоча бетонска околу 10-тина цм е, па спрат над мене што засега не се грее, али на тој спрат се заменети ова лето прозорите, исто така фасадава е на цела куќа поставена, долен и горен спрат, плус кровот е заменет и изолиран.
Имам уште еден ѕид према подрумот кој има еден тон ствари на тој зид, али сметам дека и тој треба да се изолира со стиропор. Тука исто во најмала рака 200 евра.
Бенефитот од фасадава (плус прозориве што успеав да ги задихтувам со гумираниот сунѓер, засега воопшто не дуваат), имам огромен.
Дрва сум моментално со алфа камин, големо ложиште. До минатото зимо греев само 45 квадрати, 3 дрва ставени да горат, огромен пламен, максимална температура едвај до 23 степени. До 24 степени одеше само ако ја греев дневната со кујна, односно 25 квадрати.
Сега ја греам дополнителната соба, плус ходник, 60 квадрати, исто дрва одат, пламен прави огромен, температурата оди 26-27 степени на цела површина. Еднаш успеав и до 28 да кренам али нема потреба.
Со само 2 ставени дрва да горат наместо 3 како лани, одржува 23-24 степени. Сега можам да регулирам, еднаш 2, па наредно ложење 3 дрва.
Бенефитот е огромен. Под 20.5 степени ми нема паднато температурава засега и по 12 часа од последното ложење на дрва.
Можеби уште наредна грејна сезона да ја истерам со дрва, пошто приоритет ми се прозорите, 800 евра се само они, така да кога и нив би ги сменил, тогаш инвертер 5.5ка.
Ке ти нацртам скица каков ми е распоредот и ке ти пратам во ПП.