1. Субвенција за изработка на термо фасада на секоја куќа што се грее на дрва.
Дури и да не го смени начинот на греење наместо 12 кубика по сезона ќе троши 5, што е огромно намалување.
2. Секое домаќинство што ќе добие субвенција за термо фасада, во рок од 3 години мора да го замени греењето на дрва со друг систем на затоплување. Топлински пумпи, инвертер клими, електрично парно, плин...
3. Во рок од 3 години да се пушти главна доводна-одводна инфраструктура за топла вода (Топлификација, Бег) кон сите урбани делови на Скопје кои што користат дрва за огрев. Секое домаќинство да може за разумна цена да се приклучи на главната доводна -одводна цевка.
(Лисиче, Долно Лисиче, Припор, Усје, Тафталиџе, Гази Баба, Чаир, Бутел...)
4. Мобилни мерни екипи што ќе мерат загадување после изведбата на горните мерки и љуштење со казни на се што загадува на неконвенционален начин на топлење или намерна злоупотреба и заобиколување на грејниот систем.
5. Изградба на мали хидро централи кои ќе го зголемат производството на струја и ќе го намалат увозот. Изведба на Ветерници и фото волтаици кои ќе ја покриваат дневната количина на струја која ќе се троши за греење.
6. Таму каде што не е можна изведба на централно градско греење, да се помогне при набавка на еколошки погодни печки за греење кои што имаат по ефикасен процес на согорување и не испуштаат лајна низ оџак. Шпоретите "Смедеревац" во отпад и на топење.
Колку повеќе корисници се приклчат на топлификациската мрежа, цената за загревање по метар квадратен ќе падне надолу, да не образложувам сега како, тие што знаат како функционира топлинска централа знаат каква е ефикасноста и трошокот.
Тек после може да се замараме со дизели, пар непар и градилишта.
Имаме 1 миљарда евра потрошени на стиропор фасади во Скопје. Замислете тие пари да се инвестираа плански, рационално и да останеа во општествена корист, па макар и да лапнел некој провизија. Ама ете биднало веќе, да гледаме напред.