Со оглед на тимот на Мерцедес кој е безмалку беспрекорен, болидот кој е фантастичен, најбрз, најдобар во свиоци, најмалку троши гуми, сеедно е кој ќе вози во него. Воедно, Тото мајсторски му ја симна вредноста на Хамилтон со Расел да не си мисли дека вреди 100милиони годишно, кога и за 1 можат да го добијат истото.
Па и со Ботас истото се покажува, да не е Хамилтон, Ботас ќе беше шампион. Не дека ти треба Расел да го викаш. Сосема доволно е брз за да го постигне тоа, бодовите постојано го покажуваат тоа. А тек да ставиш некој со повеќе адреналин баш ќе има некои интересни трки. Ем ќе има по некое излетување, ќе има престигнувања луди, а не само молзење бодови и цитат „возење како баба“. Шумахер иако беше неспоредливо надмоќен во некои сезони знаеше да направи такви случки. Да го сотре од газење болидот, да испокине гуми сол да ги направи, вториот никад нема да го стигне ни во сон, ама он корне напред. Влага у бокс, пак прв излага. Пак корне.
Гази стиска, маста ја вади. Нема баби, бабите позади нека молзат поени од 2-3 место, круг позади.
Тоа сега го овозможува болидот на Мерцедес на пример. Можеш да го дробиш, попара да го правиш. Да ти се дупне гума, пак прв да завршиш, да се извртиш, пак да бидеш во топ 3. Има не многу, туку премногу предност пред другите болиди за да ти дозволи да имаш премногу резерва за да можеш да ризикуваш грешка. Жалосно е да се вози во Eco мод како што сега го користат, пришто ја прават ултра досадна трката во делот на 1-2 место, и сета борба е само за подолните места. Секоја чест на Верстапен кој постојано држи невидено добар чекор во споредба со сите други болиди кои не се Мерцедес.
Грубо, тоа се причините зошто со едно излегување сите се заљубија во Расел, наспрема Хамилтон и Ботас кои се постојано критикувани. И тоа не критикувани во делот дека се лоши возачи, туку дека се претерано досадни возачи за овој спорт.