Автор Тема: Formula 1 - Season 2020  (Прочитано 140647 пати)

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1215 на: 07 Декември 2020, 13:35:57 pm »
Немој вакви бајрами праење, го рашљака, држење лекиција за изведување на напад, какви гуми какви бакрачи.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1216 на: 07 Декември 2020, 13:46:24 pm »
 ;D ;D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6439
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1217 на: 07 Декември 2020, 13:55:28 pm »
Сите зборувате за некакви сценарија, можни ситуации итн. итн. А никој не спомнува како во директен дуел и борба за позиција Расел му го скина г'зето на Ботас и тоа у делот од патеката каде што има највеќе кривини.

Каде што се најбитни гумите. Расел со ганц нови гуми, Ботас со лепени сечени монтирани гуми 30 круга +

Шо сторе слаб ти математика, погоре ти постирав слика од 49-ти круг и ова е 70-ти, 21круг од кои 6-7 беа под безбедносно, замисли антика.
Дури му се јавија на Ботас од музејот, си ги барале гумите назад.  :o

Секоја дискусија со тебе е бесполезна понатаму, оставам Џојлон за некој ден да пресечи, ако прифатиш да го гледаш, или одлично ме тролаш.

И не, не знам што значи да се извадат и да се стават на бандаж гумите, сигурно доживеале термален шок.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1218 на: 07 Декември 2020, 13:58:14 pm »

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1219 на: 07 Декември 2020, 14:54:20 pm »
МОже да зборите што сакате ама копиљот икина. ИСКИНА!!! Покажа класа невидена

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1220 на: 07 Декември 2020, 23:12:36 pm »
https://www.facebook.com/1407305399577896/posts/2588894838085607/

Овие па мислат дека било намерно

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1221 на: 08 Декември 2020, 07:19:07 am »
Ваљда ќе вози и наредната.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1222 на: 08 Декември 2020, 21:24:16 pm »
Рај за очи.




Рај за уши.
« Последно менување: 08 Декември 2020, 21:41:11 pm Deni »

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1223 на: 09 Декември 2020, 12:51:41 pm »
Како фан на Хамилтон, морам да кажам дека од ова денес што го видовме дефинитивно болидот му дава огромна предност.

дека мерцедес е у моментов најбољата кола нема никакви дилеми и никогаш не било предмет на дискусија

сите шампиони возеле, возат и ќе ја возат најдобрата кола. Шумахер ја возеше најдобрата кола. Фетел ја возеше најдобрата кола. Прост ја возеше најдобрата кола. Колата е клучна компонента од шампионската титула, не помалку важна од возачот.

И обратно.

За разлика од повеќето (сите?) други спортови, Формула 1 е исклучително комплексен спорт и конечниот успех зависи од повеќе клучни фактори, од кои возачот е само еден. Зидан ќе шибал голови и со други патики и друга фудбалска топка. Ник Киргиос вероватно ќе рока не помалку убиствени форхенд-дијагонали и со „Росињол“ наместо „Јонекс“.


Но, Хакинен тешко дека ќе земел два шампионати со друга кола. Тоа не го прави Хакинен помалку важна компонента на успехот ниту помалку добар возач отколку што бил. Просто таков си е спортот, специфичен и уникатен.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1224 на: 09 Декември 2020, 13:05:16 pm »
Ферарито на Шумахер беше скоро исто компетитивно во 1998, и Ферарито на Ирвин 1999та
« Последно менување: 09 Декември 2020, 13:12:49 pm Deni »

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1225 на: 09 Декември 2020, 13:05:31 pm »
Да, да. Затоа тоа што Расел го исцепи Ботас ко весник за потпала јасно укажуе која е разликата помеѓу момак кој не знае кое „копче е за струја ако е за вода“ и стариот проверен ветеран со „солидни“ перформанси на секоја трка минативе години. Таа разлика е некаде скриена околу перинумот и ја нема во болидот.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1226 на: 09 Декември 2020, 13:13:20 pm »
Најфраерски потег на Хамилтон ќе му биде ако го пушти Расел да ја извози последнат трка во неговиот болид. Макар и да е фит за да се врати во болид за трка.

Титулата му е освоена, реално и да вози Хамилтон ќе му биде рекреација.

На Расел ќе му значи многу ако се качи на подиум барем, за да ја надмине психолошката дупка што му се случи на последната трка.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1227 на: 09 Декември 2020, 13:34:05 pm »
Да, да. Затоа тоа што Расел го исцепи Ботас ко весник за потпала јасно укажуе која е разликата помеѓу момак кој не знае кое „копче е за струја ако е за вода“ и стариот проверен ветеран со „солидни“ перформанси на секоја трка минативе години. Таа разлика е некаде скриена околу перинумот и ја нема во болидот.

една трка во иста кола е просто премал статистички примерок за изведување какви било заклучоци

и изненаден сум што морам вакви најосновни работи да објаснувам

дека ботас не е возач од рангот на хамилтон е јасно како ден и околу тоа нема никакви дилеми. А дали Расел во истата кола ќе биде на истото место каде што е Хамилтон - како во апсолутни така и во релативни рамки - просто не може да се каже од една трка.

Најфраерски потег на Хамилтон ќе му биде ако го пушти Расел да ја извози последнат трка во неговиот болид. Макар и да е фит за да се врати во болид за трка.

хамилтон не одлучува кој ќе вози со која кола

мислам дека дури ни тото не може самостојно да донесе таква одлука, туку мора да бара „амин“ од повеќе инстанци

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1228 на: 09 Декември 2020, 13:36:47 pm »
Џабе си го трошиш времето, Расел е ѕвер и боље е и од Хамилтон. Го растури Ботас!!!!!!!!! 

Се додека Хамилтон ги млати ферари и останатите, ќе имаме вакви испади на форумов дека Ботас усвари бил слаб се со цел да се прикаже дека секој може да биде светски шампион ако болидот е ОК.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2020
« Одговори #1229 на: 09 Декември 2020, 13:39:41 pm »
...да се прикаже дека секој може да биде светски шампион ако болидот е ОК.

да, ова е многу тупава теза и може да ја истресе само некој со површно, маалско-семкарско разбир... „разбирање“ на спортот.

Башка што таа теза не го проѓа филтерот на окам, но повеќето тупави маалско-семкарски тези не го проаѓаат (затоа и се маалско-семкарски, а не сериозни).