Повод за оваа тема е да ги прикажам поволностите и негативностите од e-bike (електричен велосипед) и поволниот превоз.
Го имам веќе околу 11 месеци.
Го зедов половен со околу 1400км поминато.
Од тогаш буквално основно средство ми стана.
Го утепав од возење Работа, дома, викендица, Водно
Сега има 6100км
Ќе ставам слики од нет. Ме мрзи да правам Upload.
Moделов Поседува Bosch систем со батерија од 500Wh со кои низ град се поминува околу 180-200 км.
или поточно од кај мене на работа до дома и назад имам 13км и тоа ми е доволно со едно полнење да поминам 2 недели.
Предности во однос на електричниот тротинет Xiaomi кој исто така го имаме.
- Еbike-от без проблем ја совладува секоја угорнина. Водно се искачува околу 4 пати со едно полнење, што е незамисливо за тротинетот
- Поголема автономија 180км околу 6 пати повеќе
- Не се дупнуваат толку лесно гуми (незнам дали сум баксуз ама двапати ми пукна мене на тротинетов кога го возев)
- Избор дали да се вози на батерија или рекреативно на педали
- Економичен превоз (незнам дали има нешто поевтино)
- Побезбеден од тротинетот
За сервис после поминати околу 4800км имам да променам во брзо време 2 гуми,
Како желби ми се во блиска иднина ми се:
- сакам да купам кутија од Ebay за простор за складирање. Нажалост мојот рам би собрал само околу 20 литри багаж)
- да земам дисплеј кој е во боја и има навигација, калории и уште некои други работи.
Ова ми е особено важно кога одам низ Маврово или некоја друга тура да имам преглед и навигација.
Луѓе јас сум презадоволен во оваа година.
Е-bike би препорачал на сите кои одат сами со кола или мотор на работа како што јас порано одев,
на оние што сакаат да возат до водно, и други тури, а немаат баш кондиција.
За завршување на обврски низ град.
Велосипедов практично за секаде се наоѓа.
Јас по мои проценки заштедив некаде околу 600-700 евра годинава, на трошоци, регистрации и бензин.
И тоа хипотетички да сметам дека ќе сум немал поголеми проблеми со колата. АКо сум имал проблем со дизни, дпф, маф сензор или слично тие 700 би станале околу 1000-1200 евра.
Со што велосипедот би го отплатил за само една година.
Мани според мене се.
Нови Е-bike со Bosch систем се сеуште многу скапи. Со убавите Bosch Perfomance Line мотори цените се околу 2200 евра па нагоре
Но може да се најдат малку возени( како јас мојот) платен 1400 евра. Сега верувам би се нашло и за околу 1000-1200 евра
За 1000-1200 па нека бидат и 1400 евра подобра инвестиција нема.
Инвестирам пари и после се возам џабалак цело време.
Сега стигнувам многу побрзо на работа сега отколку порано со кола.
Немам нервози со чекање на семафори. И имам повеќе енергија и расположение кога ќе стигнам на работа.
Ако имате некои дополнителни прашања слободно прашајте.
Ова ако јас се прашувам е една од најдобрите инвестиции што сум ги направил во животот.
Работава вреди секој можен денар