Автор Тема: Еbike Eлектрични велосипеди. Најекономичен превоз за низ градот.  (Прочитано 9474 пати)

Отсутен plockaMK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 86
Повод за оваа тема е да ги прикажам поволностите и негативностите од e-bike (електричен велосипед) и поволниот превоз.
Го имам веќе околу 11 месеци.
Го зедов половен со околу 1400км поминато.
Од тогаш буквално основно средство ми стана.
Го утепав од возење Работа, дома, викендица, Водно
Сега има 6100км

Ќе ставам слики од нет. Ме мрзи да правам Upload.

Moделов Поседува Bosch систем со батерија од 500Wh со кои низ град се поминува околу 180-200 км.
или поточно од кај мене на работа до дома и назад имам 13км и тоа ми е доволно со едно полнење да поминам 2 недели.

Предности во однос на електричниот тротинет Xiaomi кој исто така го имаме.

- Еbike-от без проблем ја совладува секоја угорнина. Водно се искачува околу 4 пати со едно полнење, што е незамисливо за тротинетот
- Поголема автономија 180км околу 6 пати повеќе
- Не се дупнуваат толку лесно гуми (незнам дали сум баксуз ама двапати ми пукна мене на тротинетов кога го возев)
- Избор дали да се вози на батерија или рекреативно на педали
- Економичен превоз (незнам дали има нешто поевтино)
- Побезбеден од тротинетот

За сервис после поминати околу 4800км имам да променам во брзо време 2 гуми,
Како желби ми се во блиска иднина ми се:

- сакам да купам кутија од Ebay за простор за складирање. Нажалост мојот рам би собрал само околу 20 литри багаж)
- да земам дисплеј кој е во боја и има навигација, калории и уште некои други работи. 

Ова ми е особено важно кога одам низ Маврово или некоја друга тура да имам преглед и навигација. 

Луѓе јас сум презадоволен во оваа година.
Е-bike би препорачал на сите кои одат сами со кола или мотор на работа како што јас порано одев,
на оние што сакаат да возат до водно, и други тури, а немаат баш кондиција.  :)

За завршување на обврски низ град.
Велосипедов практично за секаде се наоѓа.

Јас по мои проценки заштедив некаде околу 600-700 евра годинава, на трошоци, регистрации и бензин.
И тоа хипотетички да сметам дека ќе сум немал поголеми проблеми со колата. АКо сум имал проблем со дизни, дпф, маф сензор или слично тие 700 би станале околу 1000-1200 евра.
Со што велосипедот би го отплатил за само една година.

Мани според мене се.
Нови Е-bike со Bosch систем се сеуште многу скапи. Со убавите Bosch Perfomance Line мотори цените се околу 2200 евра па нагоре

Но може да се најдат малку возени( како јас мојот) платен 1400 евра. Сега верувам би се нашло и за околу 1000-1200 евра

За 1000-1200 па нека бидат и 1400 евра подобра инвестиција нема.
 
Инвестирам пари и после се возам џабалак цело време. 

Сега стигнувам многу побрзо на работа сега отколку порано со кола.
Немам нервози со чекање на семафори. И имам повеќе енергија и расположение кога ќе стигнам на работа.

Ако имате некои дополнителни прашања слободно прашајте.
Ова ако јас се прашувам е една од најдобрите инвестиции што сум ги направил во животот.
Работава вреди секој можен денар

« Последно менување: 27 Декември 2019, 17:37:46 pm plockaMK »

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Od kade bi go kupil nekoj ako saka nov ili poloven?

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Ќе стигнуваш побрзо до рабоата и со обичен велосипед (немора да е е-бајК)

Не ја гледам поентата да возиш на Водно со е-бајк (да возиш за рекреација) ...

Гумиве што ги има на сликава не се за по асфалт ( со монтажа на соодветни гуми за асфалт би добил уште поголема цифра на км со едно полнење)

Вилушката кога ќе добие луфта , збогувај се од поправка. Овие верзии на сантур немаат делови за репарација ...

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одлична работа е e-бајк. Лани бев кај братучедот во Германија. Он има купено таков по калкулација за најевтин превоз. И сега Цела недела си оди со е-бајк на работа. Вкупно 30км дневно. Го пробав додека бев таму и стварно одлична работа е. Тој го платил 3500 евра и кажуваше дека имал некои погодности.

Ги гледав едно време на нет, но кога ја видов цената се откажав. Знам дека има додатоци многу како избор на екрани, гаџети, итн.

Ако има за 1200 евра такво нешто, дефинитивно секогаш би го одбрал тоа пред мотор како секојдневно средство. Тоа за тури и други работи што ги кажуваш е само дополнителна забава

И да се исплати искрено. Би размислил и јас за вакво нешто.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Вилушката кога ќе добие луфта , збогувај се од поправка. Овие верзии на сантур немаат делови за репарација ...

Изгледа ги оправиле новиве,  гледам имаат целосна parts list со пиксни, гумици, ово оно... Тоа кертриџот за рибаунд уште е целосен дел што не се сервисира туку се менува, ама сега барем може да се менуваат оние работи што ја прават луфтата.

Колку, и дали е економски исплатливо, тоа е друга работа. :)

Отсутен plockaMK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 86
Od kade bi go kupil nekoj ako saka nov ili poloven?

Јас нови имам видено во Nomad, но со базните Аctive Line Мотори.
Веројатно има и по другиве дуќани.
Избор на резервни батерии и опрема има по доста евтини цени. Кај нас еден од Кавадарци продава опрема, во Косово исто еден и кај Србиве.

Колку што споредував цените им се тука некаде на сите.

За велосипеди Половни ретко се наоѓаат со убавите Bosch performance мотори, бидејќи луѓево си ги возат. Но од странство знаат да доаѓаат понекогаш вакви како мојов, но брзо и се продаваат.

Ева сега ја гледав темата на членот со полото.
Човекот дал 1500 евра за сервис досега на колата. И сигурно уште 500-600 евра за гориво до сега.
И натаму ќе дава. Регистрација, бензин и други непредвидени трошоци.

Ако колата е само за низ град, дефинитивно ебајкот се вади  за многу брзо време.

Затоа и никогаш не би го продал мојот. Па и повеќе пари да ми дадат од што сум го купил.

« Последно менување: 27 Декември 2019, 18:39:52 pm plockaMK »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Но сепак е-бајкот е точак.

Не можеш да прнесуваш товар, не можеш да одиш на пазар со кеси, не можеш да пренесуваш фамилија, не можеш да возиш кога врне, кога е ладно, кога е загадено, кога има мраз. Општо движењето за точак низ градов и надвор од него е ужас во најмала рака.

Во Холандија и Белгија од друга страна, ги гледам колегиве по 100КМ на ден поминуваат со вакви без никаков проблем и плус ДРЖАВАТА наводно им плаќа сума по километар за помината дистанца со точак. Слушам од некои дека им се фаќа по 200-250 евра на месец рефунд од државата зошто се движат со точак.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Не можеш да прнесуваш товар, не можеш да одиш на пазар со кеси, не можеш да пренесуваш фамилија, не можеш да возиш кога врне, кога е ладно, кога е загадено, кога има мраз. Општо движењето за точак низ градов и надвор од него е ужас во најмала рака.

Класични изговори за невозење.

Браво пријателе за точакот, текстот и споредбата со тротинетите.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Ова е супер за докај 600евра за да не купуваш тротинет. Сепак е светлосни години од практичноста на скутер. А 1400евра е веќе Кимко Агилити 50 и сличните. Скутер кој можеш да го возиш без проблеми во сообраќај, на велосипедска лента или каде сакаш. Може да се превезат двајца за итни случаи. Може да пренесе ствари, кеси, има багажник, може да се движиш кога роси или има благ дожд, препродажна вредност има огромна. Удобноста на скутер е илјадници пати поголема од било кој точак. Нозете ти се слободни за да се движиш во гужва за разлика од точак. Гас даваш со раце, а не со нозе што е многу попрактично за тесни простори. Има ретровизори за сигурно движење во сообраќај. Се "полни" за 1 минута преку сила. Се заклучува каде сакаш со клуч, не требаат ланци и слично - барем за преку ден. Не треба да го криеш на секое застанување некаде и да се мислиш каде да го заклучиш. Не го пентариш на балкон за да не ти го украдат. Не ти прља низ дома ако си во зграда. Може да му ставиш ќебе за нозете и да можеш да возиш на многу ладно без никакво гајле. Ќебето воедно ти го чува седиштето суво и спремно за возење и на дожд. Не те прска вода и прљавштини од земја, ни на суво ни кога врне. Со визир напред макар мал, не те дува ниту те врне кога се движиш. Регистриран си и осигуран, ако причиниш на некого штета, покриен си да не му плаќаш од џеб за 500 денари годишно. Ако те чепне некој имаш можност за европски извештај. Гумите се многу подобри за брзините со кои се движиш 40-70кмч. Имаш избор на зимски гуми, со уште повеќе грабање од обичните како Мецлер Винтек или Пирели Ејнџел. Има дво и трокомпонентни гуми како Диабло Росо со поизразено спортско грабање на асфалтот. Чевлите ти се чисти после возење низ град или низ водливо калливо време. Делови има во многу сервиси на лагер, ефтини се, се штелува се лесно. Се прават тјунирања кога ќе ти здосади, лесно и ефтино за да ти е интересно уште неколку години. Нема седни-стани на секои 10 секунди заради дупки или тротоари или патеки или нерамнини.

И така натаму.

Ама од тротинет е каде-каде подобар избор. Динамички, сигурносно и во секој поглед. Ама ништо повеќе.

Кола е далеку од ова, и често се користи и како превозно средство за подолги дистанци, за автопат, за на снег, за на мраз, за на плажа, за пренос на лица, за пренос на товар итн. Нема логика ни да се спомнува. Но, скутер од друга страна има многу поголема логика од точаков со екстремна цена. Точак имаш за 12000 и тераш дур да се решиш да земеш скутер. :)

Отсутен Rosso Corsa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96

Со мотор на велосипедска патека, да не те исплеска некој батка ???
Бензин, осигурување, казни,
Моторот е реално добри 70% од трошокот на кола.

Баш ме интересира како повлекува велосипедов? Дали има добар торк при тргнување?
 
Стварно Светска работа, по европа и покрај високите цени се возат многу.

Каков Кимко, какви глупости. Проблем кај нас е мислам само високата цена.
За 1000 евра и кај нас би се возело верувам и покрај лошиот менталитет.

Паметна работа за во фамилија каде има две коли. Една кола се задржува, а другата се продава и се инвестира во вакво.
Колку време се полни батеријата за тие 200км?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Во Берлин се возат многу вакви е бајк и решив и јас да земам еден. Го платив на еден арап 200€ краден земав само го шприцнав и брка работа, супер е.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Повод за оваа тема е да ги прикажам поволностите и негативностите од e-bike (електричен велосипед) и поволниот превоз.
Го имам веќе околу 11 месеци.
Го зедов половен со околу 1400км поминато.
Од тогаш буквално основно средство ми стана.
Го утепав од возење Работа, дома, викендица, Водно
Сега има 6100км

Ќе ставам слики од нет. Ме мрзи да правам Upload.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Moделов Поседува Bosch систем со батерија од 500Wh со кои низ град се поминува околу 180-200 км.
или поточно од кај мене на работа до дома и назад имам 13км и тоа ми е доволно со едно полнење да поминам 2 недели.

Предности во однос на електричниот тротинет Xiaomi кој исто така го имаме.

- Еbike-от без проблем ја совладува секоја угорнина. Водно се искачува околу 4 пати со едно полнење, што е незамисливо за тротинетот
- Поголема автономија 180км околу 6 пати повеќе
- Не се дупнуваат толку лесно гуми (незнам дали сум баксуз ама двапати ми пукна мене на тротинетов кога го возев)
- Избор дали да се вози на батерија или рекреативно на педали
- Економичен превоз (незнам дали има нешто поевтино)
- Побезбеден од тротинетот

За сервис после поминати околу 4800км имам да променам во брзо време 2 гуми,
Како желби ми се во блиска иднина ми се:

- сакам да купам кутија од Ebay за простор за складирање. Нажалост мојот рам би собрал само околу 20 литри багаж)
- да земам дисплеј кој е во боја и има навигација, калории и уште некои други работи. 

 (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ова ми е особено важно кога одам низ Маврово или некоја друга тура да имам преглед и навигација. 

Луѓе јас сум презадоволен во оваа година.
Е-bike би препорачал на сите кои одат сами со кола или мотор на работа како што јас порано одев,
на оние што сакаат да возат до водно, и други тури, а немаат баш кондиција.  :)

За завршување на обврски низ град.
Велосипедов практично за секаде се наоѓа.

Јас по мои проценки заштедив некаде околу 600-700 евра годинава, на трошоци, регистрации и бензин.
И тоа хипотетички да сметам дека ќе сум немал поголеми проблеми со колата. АКо сум имал проблем со дизни, дпф, маф сензор или слично тие 700 би станале околу 1000-1200 евра.
Со што велосипедот би го отплатил за само една година.

Мани според мене се.
Нови Е-bike со Bosch систем се сеуште многу скапи. Со убавите Bosch Perfomance Line мотори цените се околу 2200 евра па нагоре

Но може да се најдат малку возени( како јас мојот) платен 1400 евра. Сега верувам би се нашло и за околу 1000-1200 евра

За 1000-1200 па нека бидат и 1400 евра подобра инвестиција нема.
 
Инвестирам пари и после се возам џабалак цело време. 

Сега стигнувам многу побрзо на работа сега отколку порано со кола.
Немам нервози со чекање на семафори. И имам повеќе енергија и расположение кога ќе стигнам на работа.

Ако имате некои дополнителни прашања слободно прашајте.
Ова ако јас се прашувам е една од најдобрите инвестиции што сум ги направил во животот.
Работава вреди секој можен денар

Убаво срочено.

Некако пресолидна ми делува автономијава за низ град, браво и за моторот и за батеријата. 200 км со едно полнење, свака част.

Мојот го немам тестирано само низ град, пошто обично на отворено го возам. Моторот е во задното тркало, а батеријата не е со некој замашен капацитет, па до сеа не сум успеал поише од 40 км да извозам (деклариран досег е 45 км), мада скоро секогаш тегнам приколка со мене, па тоа си влијае.

Одлична работа е e-бајк. Лани бев кај братучедот во Германија. Он има купено таков по калкулација за најевтин превоз. И сега Цела недела си оди со е-бајк на работа. Вкупно 30км дневно. Го пробав додека бев таму и стварно одлична работа е. Тој го платил 3500 евра и кажуваше дека имал некои погодности.

Ги гледав едно време на нет, но кога ја видов цената се откажав. Знам дека има додатоци многу како избор на екрани, гаџети, итн.

Ако има за 1200 евра такво нешто, дефинитивно секогаш би го одбрал тоа пред мотор како секојдневно средство. Тоа за тури и други работи што ги кажуваш е само дополнителна забава

И да се исплати искрено. Би размислил и јас за вакво нешто.

Мојот баш го земав 1200, прошлиот септември. Иначе ако сака и може да се опушти чоек, има и за 7000 и јаче.

Но сепак е-бајкот е точак.

Не можеш да прнесуваш товар, не можеш да одиш на пазар со кеси, не можеш да пренесуваш фамилија, не можеш да возиш кога врне, кога е ладно, кога е загадено, кога има мраз. Општо движењето за точак низ градов и надвор од него е ужас во најмала рака.

Во Холандија и Белгија од друга страна, ги гледам колегиве по 100КМ на ден поминуваат со вакви без никаков проблем и плус ДРЖАВАТА наводно им плаќа сума по километар за помината дистанца со точак. Слушам од некои дека им се фаќа по 200-250 евра на месец рефунд од државата зошто се движат со точак.

Можеш да пренесуваш, али да, не низ Скопје.

Рефундот од државата (ако е истиот принцип како во Германија), не е поврзан со возењето точак, туку едноставно така функционира. Државата ти враќа 30 центи по поминат километар, за едниот смер од патувањето до работното место, без оглед на превозното средство. На пример, ако имаш 15 км до работа, тоа се 30 км одење и враќање, ама рефундот го добиваш (ако го побараш при поднесување даночна пријава) само за 15 км, не за 30.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Јас сакав да купам краден од германија имам и контакти ама скоро сите имаат ЏПС и голем е ризикот додека се симне до Мк. Интересна работа е и многу е брз, само за наш стандард е сеуште прескап.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Naugornica dali se dozira silata? Na primer ako ima covek teskotija da dozira nekoja minimalna sila kolku da mu olesni