Во секој случај, интересна е споредбата. Ги охрабрувам тие што го хејтаат Лексусот (а наааааааааааајверојатно не ни седнале во него, не па да го повозат, но да не шпекулирам) да поминат до салон, да го пробаат (хауевер, не сум сигурен дека имаат демо возило во моментов) и да изградат мислење.
Секако, истото важи и за BMW-то. Импресивно е - повторно ќе нагласам, импресивно - какви перформанси имаат извадено со 190-коњски турбодизел. Колата е шала на страна, од-лич-на и тешко е да се најде замерка. Може на човек да не му се свиѓа на лик - ама тоа е субјективна работа - но сè друго.. Вери најс.