Зеро секој ден тестира и вози различни аута, па благодарение на тоа има развиено префинет њух за нијанси и може да ни ги сублимира со 3 збора. Додека јас би рекол дека сите три се премногу блиску за просечниот човек да осети некоја значителна разлика.
Јас би бил среќен со било која од горенаведените, ептен добри аута се, убави, модерни, безбедни, полни технологија, практични и најбитно забавни.
Tешко е да се згреши, само треба да се одбере тоа што лежи на срце.