Дечки здраво , После 9 безгрижни години поминати со Сидот , дојде време да се разделиме со него а воедно и да се подновиме со нешто ново .
Шетав по салони , возев тест возила , правев триста математики и на крајот се решив да останам верен муштерија на Киа моторс
Па да ја паркирам тука во гаража ...
Одлуката падна за Kia Sportage , со 1.6 Gdi бензински мотор со 132 КС .
Најмногу размислување имав околу моторот , но логиката ми беше дека 90% од времето ќе се вози низ град , со мал број на километри годишно +- 10,000 км , така да дизелот за кој требаше да се доплати 3000 евра , не ми беше исплатлива опција .
Ниво на опрема е Vison т.е. почетниот пакет , кој по мене е сосема доволен :
Се вози колава десетина дена , и сега засега презадоволен
После околу 500 км , просечна потрошувачка спрема борд комп. изнесува 9,5 л/100км .
Еве некоја набрзина направена фотка , а за други импресии ќе пишувам понатака :
Веднаш ставив и зимски гуми , пошто сезона е
Гумите се Hankook I*cept evo 2 со димензии 215/70 R16
Поткупив и некоја "хемикалија" за одржување на хигиената
Тоа би било сега за сега , ќе пишам понатаму у гаражава за сите импресии,дешавки,одржување и сл.
Поздрав