Од неоправдани причини малку покасно да го претставам „новото“ возило кое го поседувам па еве веќе три месеци.
Fiat Bravo со Еуро 5 мотор 2.0 multijet со 121kw или 165ps од 2009 година.
Според километража го земав со 175.000км а сега моментално има 181.000км и за овие три месеци колку што го имам сум презадоволен и од изборот на возило и од тоа што најдов доста зачуван примерок на фиат браво, во споредба со се што погледнав.
Пофалби за моторот, многу смирено работи, сила има на претек и не се осеќаат угорници, плус и 6 брзини за на автопат и долго возење е милина.
Како мани би го издвол менувачот кој е специфичен и бара навикнување, меѓутоа кај пасатот кој е 10 год. постар и со 100.000 плус на километража има
многу по добар менувач. Али ствар на навика, го навикнав и кај фиатот.
Друго како мана е црвената боја која и овде има на неколку места како се љупи лакот на бојата, ама па е преубава боја.
Еве неколку слики:
Маана на црвената боја.
Од кога ја купив еве што сменив:
-мал сервис, уље, филтер за масло, филтер за воздух и клима. 18.09.19 на 175.642км.
Уље Selenia WR 5W-30 4л и филтри на Filtron, освен тој за воздух Comline.
-филтер за гориво исто Filtron, сменет на 22.10.19 на 178.634км.
-голем сервис, сет ребрест каиш Continental и водна пумпа на 21.11.19 на 180.700км.
Еве го филтерот за воздух од камион.
Сет ребрест каиш со водна пумпа.
Еве што извадивме.
Радио има Pioneer 2din, кое убаво и звучи и изгледа, фабричките звучници се заменети комплет сите со Hertz.
Предни гуми вози Dunlop Sport Maxx rt 2, а задните се Yokohama Bluearth ae50.
Моментално сум во потрага по челични бандажи 16ки 4х98 за зимски гуми.