Автор Тема: Мојата кола е тапа...!  (Прочитано 229900 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #810 на: 22 Ноември 2016, 12:24:30 pm »
Huge if true.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #811 на: 22 Ноември 2016, 12:30:22 pm »


уште едно или две Тико возила си лапна факултетот.
 

Ako e belo tikoto, uste se vozi :D



Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk


Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #812 на: 22 Ноември 2016, 12:33:31 pm »
Иначе тикото е супер да возиш низ голем магацин или да служи како генератор.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #813 на: 22 Ноември 2016, 12:37:10 pm »
Тикото имаше свој успех додека се продаваше и како Suzuki Alto :)

Имаше дури 4х4 верзии.




Сепак Fiat 600 (Seicento) е исто таков death trap па одма дадоа хомологација.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #814 на: 22 Ноември 2016, 12:40:15 pm »
Чудо е колку жена ми ја болеше уво каква кола ќе купам и која боја ќе е, чудо!


Спарк и Матиз се две различни возила со различни мотори и малку различна филозофија на изработка. Иако се навидум многу слични на изглед возилата многу се разликуваат по својствата.

Иначе и тука грешиш, нема поевтино возило од Спарк/Матиз.

@Zlatkoa, на британскиот Даеву форум на големо зе зборува за Тико, туак е и Холандија каде го користат како доставно возило, има и комби изведби. Тикото беше прекрасно за товарање, внатре има максимален волумен, рамен под, што све немам носено со Тико. Сум носел печатарски машини од по 50.000 евра во возило што не кошта ни 500 евра :)
Докажана доверливост и издржливост, нерасипливост, ефтини делови и сервис, затоа кога не успеав да купам Поло, без двоумење купив Спарк, кој до сега за 8 години и 100 и кусур иљади километри ги задоволи моите очекувања и надежи.

ЕДИТ: заборавив да пишам дека и покрај све Спарк е тапа, да не ме караат хејтерите, викаат сум го правел Ролс Ројс :D
« Последно менување: 22 Ноември 2016, 12:55:38 pm Џонтра »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #815 на: 22 Ноември 2016, 12:58:23 pm »
Процедурално: Моторите се исти. S-tech на Suzuki 0.8 и подоцна 1.0 :)
M100 (Daewoo Matiz) и M150 (Chevrolet Matiz) се скрос исти.
Англичаните направија редизајни 2000та година на целата гама,  вклучително и мојата Нубира.

M250 (како твојата) да имаа прилично измени повеќе во технологија на производството. Моторот го update-ираа само што реалноста трошеше повеќе од Матиз и Тико што е навистина чудно.

Во однос на безбедност...послаб е од Daewoo Matiz дури и во Encap. 3 ѕвезди на Matiz, 2.5 Спарк.

И лаички да влезиш од Матиз во Спарк се осеќа послабиот квалитет



Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #816 на: 22 Ноември 2016, 13:07:44 pm »
Мојата најсериозна сообраќајка е како совозач во тико со брзина од 50кмч. Да не ми беа колената/нозете долги (и да удираат во пластиките напред) и ранецот  во скут, ќе си ја акнев главата и ќе си погинев млад и зелен.  :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #817 на: 22 Ноември 2016, 13:22:27 pm »
Процедурално: Моторите се исти. S-tech на Suzuki 0.8 и подоцна 1.0 :)
M100 (Daewoo Matiz) и M150 (Chevrolet Matiz) се скрос исти.
Англичаните направија редизајни 2000та година на целата гама,  вклучително и мојата Нубира.

M250 (како твојата) да имаа прилично измени повеќе во технологија на производството. Моторот го update-ираа само што реалноста трошеше повеќе од Матиз и Тико што е навистина чудно.

Во однос на безбедност...послаб е од Daewoo Matiz дури и во Encap. 3 ѕвезди на Matiz, 2.5 Спарк.

И лаички да влезиш од Матиз во Спарк се осеќа послабиот квалитет


Мојата е М200, М250 се полициските. Го имаат истиот мотор како и М150, не е S-Tec туку M-Tec II а M100 Има M-Tec.
Јас немам таков впечаток за квалитетот на изработка, напротив и кога го купував гледав ривјуа, секаде беше потенцирано зголемениот квалитет на ентериерот и општо на изработката.
Тикото службено што го имав (го знаат некои тука, го наследија уште го возат) трошеше 9 низ град, ама не се штедеше многу и често беше претоварено. Матизот на Казан троши 7, мојот 6.5-7 возен низ центар. Матизот што го возикал Дени е произведен во Виетнам за кој знае кој пазар, шверцуван во Македонија во делови и склопуван со бренер тука, замисли нова кола со клима за 3500 евра. Јебига, само за под преса.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #818 на: 22 Ноември 2016, 13:38:09 pm »
;D ;D ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #819 на: 22 Ноември 2016, 13:41:09 pm »
замисли нова кола со клима за 3500 евра. Јебига, само за под преса.

Па види си ти колкава маржа ти лупнале при продажба... ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг:
« Одговори #820 на: 22 Ноември 2016, 14:02:47 pm »
Хаха, добар :)

Sent from my Redmi 3 Pro using Tapatalk


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #821 на: 22 Ноември 2016, 15:34:32 pm »
Чудо е колку жена ми ја болеше уво каква кола ќе купам и која боја ќе е, чудо!


Спарк и Матиз се две различни возила со различни мотори и малку различна филозофија на изработка. Иако се навидум многу слични на изглед возилата многу се разликуваат по својствата.

Иначе и тука грешиш, нема поевтино возило од Спарк/Матиз.
Кој ти рече нешто бе??? :)
Јас онака, процедурално се присетив колку неприсутна беше сопругата при шопингот.

Јас сакам Спарк, дури и од фолксцваген да е :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #822 на: 22 Ноември 2016, 15:37:54 pm »
После 180.000 км возење без многу-многу пазење, на мојата кола на ладно почнаа да крцкаат и цивкаат миљон гумици или шо-к-веќе во подвозјето. Откако ќе ја повозам некое време, т.е. откако ќе се загрее, повеќето крцкања ги снемува, но не сите. Има едно најгадно кога предните тркала идат нагло надоле кое е практично цело време тука.

Многу ме нервира пошто сакам колата бешумно да поминува нерамнини, ко што си беше. Совет? Све комплет гумено у подвозјето да мењам? Или?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #823 на: 22 Ноември 2016, 15:46:58 pm »
После 180.000 км возење без многу-многу пазење, на мојата кола на ладно почнаа да крцкаат и цивкаат миљон гумици или шо-к-веќе во подвозјето. Откако ќе ја повозам некое време, т.е. откако ќе се загрее, повеќето крцкања ги снемува, но не сите. Има едно најгадно кога предните тркала идат нагло надоле кое е практично цело време тука.

Многу ме нервира пошто сакам колата бешумно да поминува нерамнини, ко што си беше. Совет? Све комплет гумено у подвозјето да мењам? Или?
Гумици на баланс штангла е 99% тој најдебилниот звук што го слушаш на ладно на дупка или нерамнина. Откога ќе се малку раздвижат и подзагреат се губи. НО! Многу е важно гумиците и старите и новите да се добро подмачкани со силиконска маст. Зошто таа е проблемот. Гумицата е веројатно здрава штом си тера, само подмачкувањето и го нема и затоа крчи на ладно.

Еве ја гнасата, ваков ли е звукот?

Важно. И да ставиш нови, ако не се подмачкани пак ќе крчат.

Привремено (за една зима) може да се испрскаат (удават) во силиконски спреј и 90% ќе го снема звукот.
« Последно менување: 22 Ноември 2016, 15:52:52 pm Deni »

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #824 на: 22 Ноември 2016, 16:59:45 pm »
Муабет за спарк, матиз и тико, не е муабет за на автомобилски форум!