Сите се сеќавате на Даеву Тико. Фантастчно жилаво количе, со многу издржлив мотор, и со еден од најсофистицираните карбуратори од тоа време.
Даеву не можеа да го продаваат Тикото во западна Европа заради големите безбедносни пропусти што ги имаше возилото.
Како главен момент се наведуваше 98% смртност кај совозачот при секој фронтален удар во фиксна препрека на брзини над 40km/h. Во сите случаи смртноста настануваше со удар на совозачот со глава во шалт таблата пред него, која беше толку минималистички направена со цел да се зголеми слободниот простор во возилото.
Никакви безбедносни системи немаше возилото од типот на Аирбег, АБС и слично.
Корејците видоа дека можат да го увалат Тикото секаде каде што нема јасно дефинирани прописи, и тоа го сторија.
Во деведесетите години тим инжењери од Даеву (уште пред Тико да почне со масивно производство) заедно со неколку професори и асистенти од МФС извршија мерење на динамичките оптоварувања врз системот за потпирање на Тико согласно конфигурацијата на нашите патишта. За таа цел имаа подготвени специјални Тико возила кои имаа еден куп мерни ленти и инструменти на нив. Согласно собраните параметри од мерењата направена е промена во системот за потпирање на Тико, односно користени се амортизери и пружини (спирали) со поинаква карактеристика од тие што се нудеа до тогаш. Кратко кажано подвозјето го направија да биде издржливо на крш патиштата што ги имаме.
Паралелно со овие случувања веќе почнува наголемо да работи негативната кампања дека Тикото ќе крка забрана за продажба низ Западна Европа, и кај нас тие информации беа земени со огромна сериозност. Нема да спомнувам имиња ама одреден професор на МФС кој што беше крупна ѕверка во тоа време, се противел околу давањето на хомологациска согласност, Тикото да може да се продава кај нас. Уште еден тип кој што работеше на Хомологација и Атест на МФС и кој што повеќето од вас го мрзат и пцујат и до ден денес, исто така беше на страна на професорот Тико да не добие хомологациска согласност и истото да не се продава кај нас.
Професорот си доби гратис Есперо и Рејсер, типот на хомологација исто така лапна Есперо и Рејсер, уште едно или две Тико возила си лапна факултетот.
Резултат: Тикото излезе во продажба кај нас. Растури со продажба. Таксистите по источна Македонија го претурија до возење и имаше примероци со поминати над 1.000.0000 километри. Во Западна Европа Тикото не ни почна да се продава.
Заклучок: Само нека е евтино и издржливо, народот ќе си купува. К*р го боли дали било возилото стабилно, безбедно, топло, ладно, тивко...