Автор Тема: Мојата кола е тапа...!  (Прочитано 229907 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #795 на: 18 Ноември 2016, 17:05:11 pm »
Така е, али Џамбо не постоеше тогаш, а ни детето :D

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8691
  • Пичлеме
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #796 на: 18 Ноември 2016, 17:11:52 pm »
Сакав да те оправдам, пошто полошо е жената да ти купи Спарк од рафт во продавница за играчки во ГТЦ... ама сам се издаде ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #797 на: 18 Ноември 2016, 17:13:58 pm »
Жена ми ја бираше бојата иначе :)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг:
« Одговори #798 на: 18 Ноември 2016, 17:18:18 pm »
Значи ти свесно намерно купи Спарк?



Право мажиште, бравос :)
Жена кола да ми одбира..... ете боја само можи

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #799 на: 21 Ноември 2016, 08:46:50 am »
Жена му и г'штите му ги одбира ;D


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #800 на: 22 Ноември 2016, 10:17:36 am »
Чудо е колку жена ми ја болеше уво каква кола ќе купам и која боја ќе е, чудо!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #801 на: 22 Ноември 2016, 10:54:09 am »
Убаво напиша Банза во една прилика, во МК купуваме коли заради што ќе речат другите а не согласно потребите.
Јас сметам дека Спаркот е одлично возило за низ СК башка и како прво возило. Барем нема џепарацот од родителите да ви оди по мајстори а од другарите пари да зимате за бензин.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #802 на: 22 Ноември 2016, 10:56:55 am »
Не генерализирај. Сите коли сум ги купил затоа што сум ги сакал да ги имам. Направи анкета.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #803 на: 22 Ноември 2016, 11:12:52 am »
Убаво напиша Банза во една прилика, во МК купуваме коли заради што ќе речат другите а не согласно потребите.
Ова е во ред. Токму така. Затоа и се толку силни реакциите против коли кои не се директорски седани, и нема продажба на караван возила кај нас. Затоа толку го поддржувам логичниот и практичен избор на возила.
Цитат
Јас сметам дека Спаркот е одлично возило за низ СК башка и како прво возило. Барем нема џепарацот од родителите да ви оди по мајстори а од другарите пари да зимате за бензин.
Ова не е во ред. Не дека сите треба да возиме директорски седани, ама мора да има каква-таква крајна линија под која треба да се избегнуваат работи. На пример пица е супер (Ауди А4). Ама ако ја превртиш на маса дома, хммм паааа, и не е толку страшно ќе ја дувнеш и ќе ја изедеш пак (Астра). Ако ти падне на патос дома со долната страна, паааа веќе е на граница ама ќе ај дувнеш и ќе ја изедеш (Фиеста). Ако пицата со горната страна ти падне во свежиот измет на твоето милениче и се направи со фекалии и песок тоа е веќе премината граница на толеранција (Матиз).

Има и каде каде полоши коли од Матиз, само ги нема кај нас во голема мера. Границата мора да постои, само може да се менува. На самата граница лежи VW UP, и веднаш под границата Toyota Aygo според мене, на пример. Тоа е апсолутниот минимум за да можеш да кажеш дека возилото е подношљиво. А за да е одлично како што велиш има троа фурни да се јадат.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #804 на: 22 Ноември 2016, 11:27:30 am »
Потребите не се дефинираат само од практичен туку и од финансиски аспект. Ос статистичка гледна точка, ние сме сиромашна држава. Согласно тоа не е чудно што Спаркот, Тикото и слбеа најпродавани модели. Едноставно, беа достапни за џебот и ефтини за одржување.

Инаку нема кој не сака пица :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #805 на: 22 Ноември 2016, 11:33:17 am »
Мислам дека го повлекоа од кај нас и голготата колку толку заврши.

Има многу поефтини коли од Матиз, така да финансиите и не се толку многу во негова полза.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #806 на: 22 Ноември 2016, 11:53:36 am »
Јас мислам Тата Нано да се донеси кај нас за 2500-3000 евра на ново, ќе се изнакопуваат луѓето такви тротинетчиња.

Тоа ти е како кинеските моторчиња. Салам скутер е од 1500 евра па нагоре.

Колку луѓе купуваат такви скутери, колку купуваат кинески?

Сите сме свесни за (не)квалитетот!

СЕКОГАШ има интерес за најевтините возила, не само кај нас, туку во целиот свет.

Но, има едно „златно“ непишано правило за евтино возило.

Луѓето најлесно купуваат возила во вредност од 10 просечни плати.

Теоретски, кај нас тоа е 3620 евра, во Германија 22650 евра!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #807 на: 22 Ноември 2016, 11:56:15 am »
Нема врска со квалитетот да се разбереме. Има врска со сигурност, чувство на смртност, топлина, стабилност и слично.
Не зборуваме за квалитет! Зошто ако гледаш по квалитет матизот е релативно квалитетно возило. Меѓутоа кај колите тоа не е крај на приказната.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #808 на: 22 Ноември 2016, 12:14:31 pm »
Нема врска со квалитетот да се разбереме. Има врска со сигурност, чувство на смртност, топлина, стабилност и слично.
Не зборуваме за квалитет! Зошто ако гледаш по квалитет матизот е релативно квалитетно возило. Меѓутоа кај колите тоа не е крај на приказната.

Под квалитет мислев на целиот пакет. Не мислев само на механичката издржливост.



Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #809 на: 22 Ноември 2016, 12:16:44 pm »
Сите се сеќавате на Даеву Тико. Фантастчно жилаво количе, со многу издржлив мотор, и со еден од најсофистицираните карбуратори од тоа време.

Даеву не можеа да го продаваат Тикото во западна Европа заради големите безбедносни пропусти што ги имаше возилото.

Како главен момент се наведуваше 98% смртност кај совозачот при секој фронтален удар во фиксна препрека на брзини над 40km/h. Во сите случаи смртноста настануваше со удар на совозачот со глава во шалт таблата пред него, која беше толку минималистички направена со цел да се зголеми слободниот простор во возилото.

Никакви безбедносни системи немаше возилото од типот на Аирбег, АБС и слично.

Корејците видоа дека можат да го увалат Тикото секаде каде што нема јасно дефинирани прописи, и тоа го сторија.

Во деведесетите години тим инжењери од Даеву (уште пред Тико да почне со масивно производство) заедно со неколку професори и асистенти од МФС извршија мерење на динамичките оптоварувања врз системот за потпирање на Тико согласно конфигурацијата на нашите патишта. За таа цел имаа подготвени специјални Тико возила кои имаа еден куп мерни ленти и инструменти на нив. Согласно собраните параметри од мерењата направена е промена во системот за потпирање на Тико, односно користени се амортизери и пружини (спирали) со поинаква карактеристика од тие што се нудеа до тогаш. Кратко кажано подвозјето го направија да биде издржливо на крш патиштата што ги имаме.

Паралелно со овие случувања веќе почнува наголемо да работи негативната кампања дека Тикото ќе крка забрана за продажба низ Западна Европа, и кај нас тие информации беа земени со огромна сериозност. Нема да спомнувам имиња ама одреден професор на МФС кој што беше крупна ѕверка во тоа време, се противел околу давањето на хомологациска согласност, Тикото да може да се продава кај нас. Уште еден тип кој што работеше на Хомологација и Атест на МФС и кој што повеќето од вас го мрзат и пцујат и до ден денес, исто така беше на страна на професорот Тико да не добие хомологациска согласност и истото да не се продава кај нас.

Професорот си доби гратис Есперо и Рејсер, типот на хомологација исто така лапна Есперо и Рејсер, уште едно или две Тико возила си лапна факултетот.

Резултат: Тикото излезе во продажба кај нас. Растури со продажба. Таксистите по источна Македонија го претурија до возење и имаше примероци со поминати над 1.000.0000 километри. Во Западна Европа Тикото не ни почна да се продава.

Заклучок: Само нека е евтино и издржливо, народот ќе си купува. К*р го боли дали било возилото стабилно, безбедно, топло, ладно, тивко...