Чудо е колку жена ми ја болеше уво каква кола ќе купам и која боја ќе е, чудо!
Спарк и Матиз се две различни возила со различни мотори и малку различна филозофија на изработка. Иако се навидум многу слични на изглед возилата многу се разликуваат по својствата.
Иначе и тука грешиш, нема поевтино возило од Спарк/Матиз.
@Zlatkoa, на британскиот Даеву форум на големо зе зборува за Тико, туак е и Холандија каде го користат како доставно возило, има и комби изведби. Тикото беше прекрасно за товарање, внатре има максимален волумен, рамен под, што све немам носено со Тико. Сум носел печатарски машини од по 50.000 евра во возило што не кошта ни 500 евра
Докажана доверливост и издржливост, нерасипливост, ефтини делови и сервис, затоа кога не успеав да купам Поло, без двоумење купив Спарк, кој до сега за 8 години и 100 и кусур иљади километри ги задоволи моите очекувања и надежи.
ЕДИТ: заборавив да пишам дека и покрај све Спарк е тапа, да не ме караат хејтерите, викаат сум го правел Ролс Ројс