Seat Cordoba 1.4 60HP (половно возило од увоз од Словенија)
Кога ја купи татко ми и ми даваше да ја возам, а немав возено други возила освен Фичо, Југо итн. за мене колава беше сон.
Кога положив и извозив повеќе коли, сфатив дека колава е ЛИМЕНКА, во права смисла на зборот.
Опрема - НИШТО. Се вози на плин, единствена работа е што е до негде да речам економична. Троши 8 литра плин.
Ама за жал на отворено кога претицуваш без да смениш брзина скоро и е невозможно. Над 90 кога возиш веќе е бучен моторот, а држење темпо 120/140 е веќе скапо за џебот оти тогаш троши 13-15 литра...
Дефекти што јас ги знам од кога е купена:
Палење (цел сет рикна)
Бомбина
2 Сета Ламела
5 сајли за кумплуг (се додека не наместивме некоја оргинална самоштелувачка што фала богу функционира)
Шминкање ( полумесеци рѓосани )
3 пати МАП СЕНЗОР за плин. (200 евра потрошени само на мап сензори -.-)
Пумпа за гориво
2 грани за издув и на крај комплетно нов издув
Во принцип не би се жалел оти татко ми ја одржава, да беше моја веќе ќе ја возеше некој друг, ама барем имам нешто да возам, се надевам за некоја година ќе можам да си купам сам тоа што си го имам замислено, па и ќе го претставам овде.. Засега ќе терам со упаљачов