Одлично, ајде да ја заживееме малку темава.
Како што напоменав, пред 10-тина дена го регистрирав Голфот. До сега имам поминато скоро 36.000 километри.
Прво, да си го цитирам претходниот пост на оваа тема:
Volkswagen Golf VI 2.0 TDI Highline
- Нема Блутут. Тоа е повеќе кривица на импортерот отколку на брендот.
- Управувањето е директно и прецизно, ама без доволно фидбек. Последица на користење електрично (наместо хидраулично) серво.
- На ~20.000 км се искина парчето штоф што го ставаат меѓу возачкото седиште и носачот за местото каде се приклучува каиш, и почна да подкрцнува. Бутнав малку материјалче, звукот го снема. Други звуци нема.
- Кога ми го искршија задниот прозор, малку се издеформира долниот кедер и од тогаш не легнува како што треба. Се изместува за 1мм, и скоро неприметливо е, ама ЈАС го приметувам и ми оди на нерви. Можеби ќе нарачам нов.
- Ми фали моментот со автоматско затворање прозори кога ќе заклучам (го имав во Леонот). Да, знам дека со држење на копчето за заклучување се затвораат прозорите, ама попрактично ми беше само да заклучам и да не се замарам.
- Премногу е исправен наслонот на задните седишта.
- Нема USB. Има влез за SD картица, брка работа, ама USB би било малку попрактично. Како и да е, имам 16 гига картица полна со музика, не ми смета до толку.
Е сега..
Bluetooth уред додадов, не-фабрички али (скоро) компатибилен. Се уштекува во радиото и си има микрофонче. Брка работа, али пошто е наменет за друго радио и борд компјутер не ми работат контролите на воланот за телефон. Јебига.
Минатата година (на околу 25.000 км) почна да се слуша некое високо-фреквентно цвилење од под хауба. Во Порше гледаа, слушаа, се чудеа. Мислеа дека е водната пумпа и нарачаа нова. Кога отидов да ја сменат установија дека звукот го прави некоја шајбна. Ја сменија шајбната, али ја сменија и пумпата за вода. Да сме живи и здрави. До сега не се вратил проблемот.
Се јави и некој чуден звук од мењачот во прва брзина кој што само јас го слушав и никој друг. Го сменија уљето во мењач и од тогаш немало проблеми.
Фабричките гуми се покажаа као срање. Michelin Energy Saver 205/55/16. Првите 20.000 километра беа супер, после тоа
нагло ги изгубија позитивните карактеристики. Како и да е, Голфот ќе добие нови летни гуми годинава. Со овие поминав околу 30.000 км.
Редовниот сервис е прескап. Ова е веќе на широко зборувано.
Пре-висок е. Магарица. Си бара спуштање.