Автор Тема: Мојата кола е тапа...!  (Прочитано 229746 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13924
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1095 на: 02 Април 2018, 09:57:42 am »
На таа генерација на Меган, на колега од работа, на -10*C во јануари 2011 година, му се заглави задно стакло отворено кога се враќаше од Струмица за Скопје.

Застануваа на бензинска да купат најлони шо ти јас знам, да залепат, да не испонастинат.

Доаѓање Скопје, право во сервис, го средуваат проблемот, другиот ден колата на оглас и ајт сиктер :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1096 на: 02 Април 2018, 16:45:45 pm »
Она мене...

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1097 на: 02 Април 2018, 19:41:21 pm »
Од братучед ми меганот имаше мака со електрониката, ама не се дозна точно што.

Од нигде никаде, не сакаше да вергла. Требаше да почекаш барем 1час и после како ништо да не било. Колата цело време сервисирана во официјален сервис, но и тие креваа рамена за проблемот. И така се продаде. Моделот беше 1.5 дци 80кс со 140 000 реални. Што значи нема планирање кога ќе тргаш некаде, тргаш кога ќе сака да запали меганчето :D

Отсутен Nem_Akata

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
  • Лично дете
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1098 на: 16 Април 2018, 20:23:42 pm »
Така се погодила јбг.
Пред околу 3-4 години работев во фирма шо можеби имаше 15-тина такви мегани и сите бевме задоволни од колите,освен 1 кола се погоди срање 1.5дци

Sent from my E5603 using Tapatalk

Имам чуено од пријател што работи со Реноа дека 1.5DCi не е погоден мотор воопшто, поточно проблеми со турбото се дешаваат често. Двајца другари имам со истиот мотор но различен модел (Megane/Clio), и на двајцата им отиде турбото откако ги купија колите, макс за 6 месеци.

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
  • Сузуки Витариче
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1099 на: 16 Април 2018, 20:28:01 pm »
Така се погодила јбг.
Пред околу 3-4 години работев во фирма шо можеби имаше 15-тина такви мегани и сите бевме задоволни од колите,освен 1 кола се погоди срање 1.5дци

Sent from my E5603 using Tapatalk

Имам чуено од пријател што работи со Реноа дека 1.5DCi не е погоден мотор воопшто, поточно проблеми со турбото се дешаваат често. Двајца другари имам со истиот мотор но различен модел (Megane/Clio), и на двајцата им отиде турбото откако ги купија колите, макс за 6 месеци.
На старо ли ги купиле колите што ги споменуваш?

Sent using Tapatalk

Потпис.

Отсутен Nem_Akata

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
  • Лично дете
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1100 на: 16 Април 2018, 20:51:28 pm »
Така се погодила јбг.
Пред околу 3-4 години работев во фирма шо можеби имаше 15-тина такви мегани и сите бевме задоволни од колите,освен 1 кола се погоди срање 1.5дци

Sent from my E5603 using Tapatalk

Имам чуено од пријател што работи со Реноа дека 1.5DCi не е погоден мотор воопшто, поточно проблеми со турбото се дешаваат често. Двајца другари имам со истиот мотор но различен модел (Megane/Clio), и на двајцата им отиде турбото откако ги купија колите, макс за 6 месеци.
На старо ли ги купиле колите што ги споменуваш?

Sent using Tapatalk

Да, на старо - но проблемов што го опишаа бил карактеристичен само за 1.5DCi во глобала.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1101 на: 16 Април 2018, 21:00:41 pm »
Ако нешто вреди кај Рено, тогаш тоа е моторот, поготово кај 2-ка. Па 1,5 дци сеуште е актуелен колку што знам.

Секоја кола има некои слабости, доволно е малку повеќе посети по форуми каде сопствениците искрено ќе споделат со какви проблеми се соочуваат, и да се направи мала статистика.

Генерално кај 2-ка, (за фејслифт незнам), слабост се спони, сијалици, шалтабла,и хидрауличен лагер во мењач.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1102 на: 20 Мај 2018, 02:49:43 am »
Така се погодила јбг.
Пред околу 3-4 години работев во фирма шо можеби имаше 15-тина такви мегани и сите бевме задоволни од колите,освен 1 кола се погоди срање 1.5дци

Sent from my E5603 using Tapatalk

Имам чуено од пријател што работи со Реноа дека 1.5DCi не е погоден мотор воопшто, поточно проблеми со турбото се дешаваат често. Двајца другари имам со истиот мотор но различен модел (Megane/Clio), и на двајцата им отиде турбото откако ги купија колите, макс за 6 месеци.

1.5 DCi е многу широк поим, затоа глупо е да речеш дека 1.5DCi не е погоден воопшто. Зошто обично 1.5DCi во моделите после 2004-та возат без ниеден дефект минимум 300.000км. Во Белград такси проаѓаат по 500.000 без проблем со турбина.

Како и за секоја друга кола, важно е кој, како вози и со какви резервни делови и масла сервисирал.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1762
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1103 на: 20 Мај 2018, 06:13:45 am »
Така се погодила јбг.
Пред околу 3-4 години работев во фирма шо можеби имаше 15-тина такви мегани и сите бевме задоволни од колите,освен 1 кола се погоди срање 1.5дци

Sent from my E5603 using Tapatalk

Имам чуено од пријател што работи со Реноа дека 1.5DCi не е погоден мотор воопшто, поточно проблеми со турбото се дешаваат често. Двајца другари имам со истиот мотор но различен модел (Megane/Clio), и на двајцата им отиде турбото откако ги купија колите, макс за 6 месеци.

1.5 DCi е многу широк поим, затоа глупо е да речеш дека 1.5DCi не е погоден воопшто. Зошто обично 1.5DCi во моделите после 2004-та возат без ниеден дефект минимум 300.000км. Во Белград такси проаѓаат по 500.000 без проблем со турбина.

Како и за секоја друга кола, важно е кој, како вози и со какви резервни делови и масла сервисирал.

И со колку километри ги купиле колите, штом откажала турбината за 6 месеци преведено во македонска километража 5-6000 км, класична местенка на утепана од возење кола.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1104 на: 28 Јуни 2018, 18:38:28 pm »
Ми привлече внимание еден дел од првиот пост на темава.

Во однос на тест моделите имав слично искуство со Рено.
Имено, додека се "мачев" во изборот на ново количе, тестирав Сaptur 1,5 dci 90 коња и Сlio 1,5 DCI 75 коња.

Ми делуваше чудно колку е поживо клиото во однос на каптурот, иако на хартија послаб мотор. Плус, клиото на 130км/ч вртеше со 2.500 вртежи во 5та, додека каптурот со далеку помоќен мотор, 130км/ч, 2.700 вртежи во 5та.
Ми се роди сомнеж да не е клио тест моделот 90ка.

Наредно идење во салон побарав да ми покажат сообраќајна...
Ме нападнаа како сум можел да помислам такво нешто, избегнувајки да ми докажат (покажат) дека сомнежот е без основа.
Им реков дека со начинот на кој ми одговорија на моето барање всушност ми ги потврдиле моите сомнежи и дека веќе не ме интересира да купам кола од кај нив.

Чао, пријатно :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1105 на: 28 Јуни 2018, 22:54:00 pm »
Нешто грешиш со бројкиве ми изгледа. Сигурен си?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1106 на: 28 Јуни 2018, 22:57:41 pm »
Кои бројки?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1107 на: 28 Јуни 2018, 23:08:48 pm »
Клиото треба да има 3000 вртежи при 130км/ч.
Башка Каптурот е бајаги понов модел со 300 системи во него за лажирање на загадување и регулирање што помалку емисии. Не знам што ти е чудно.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1108 на: 28 Јуни 2018, 23:10:00 pm »
Xsara 1.4i 2003-та... т.е. 2002-ра, купена април 2003 :) Нова... од Бомак тогаш...
Од опрема скоро ништо, во тоа време за тие пари беше бест бај. Конкуренцијата немаше ни електрични прозори напред :)
Значи, прв газда веќе 15 години... 67000 км. Она што ќе го напишам не ја одразува реално колата во смисла ја бива или не, баш заради малата километража.
За тие 15 години генерално колата служи одлично, ама си има понекоја буба.
Беше уште под гаранција, откажа централната. Ја променија десната брава и немаше проблем.
Од 2004-та до денес не можам да откријам некое ситно лупкање некаде позади лево... како некој тапацир на врата или на стубот... кој ќе го знае.
Мизерна е електрониката:
Спомнатата централна лани пак откажа, тогаш беше левата предна брава, и сега во моментов од денес, пак не работи централната.
Лани цркна инструмент таблата.
Пред 2-3 години имаше влага во БСИ-то. Се среди.
Околу 50000 км. го променив издувот, среден и заден лонец. ОК тоа е можеби заради малку возење...
Стабилизатори на двете страни, и јабучици на двете страни на околу 62000.
Е за ова не знам, ама ќе го спомнам: Се откачила стегата на манжетната на левата полуосовина кајшто влегува во менувачот, и осеќам вибрации на 30-40 км/ч. Оштетена чашката па купував нова полуосовина. Стегата ја немаше иначе, манжетната здрава!
И, морам да го пофалам фабричкиот акумулатор на Варта, кој издржа 13 години.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #1109 на: 29 Јуни 2018, 01:26:53 am »
Клиото треба да има 3000 вртежи при 130км/ч.
Токму тоа ми беше поентата, возев тест возило кое СПОРЕД САЛОНОТ беше 1.5 дци 75 коња, и ги имаше карактеристиките што ги опишав.
Тврдам, 2.500rpm на 130км/h во 5та.
Таков беше и предмет на понуда и само таков имаше на лагер.
Клио со 90 коња немаше на лагер и беше поскап.
Каптур, најслабиот беше 90 коња, платформа на клио и минорна разлика во тежина. И двата еуро 5.
Ова се случува пред 2 години.

Речиси сум 100% убеден дека тест возилото им беше со 90 коња, а не 75, како што ми беше презентирано.
Нешто слично како членот кој мислел дека вози тест возило цитроен C4, 1.4 а всушност било 1.6 (не прашал).

Тие што сакаат да купуваат нови коли, при ТЕСТ возењата, нека внимаваат повеќе што им се дава да возат.