Автор Тема: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp  (Прочитано 5749 пати)

Отсутен Viksa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« на: 20 Октомври 2019, 03:19:27 am »
Здраво форумци,
Количево го земав пред некој месец од Италија, Сиена. Произведена е 2006 година со поминати 189.000 запишани во италијанската сообраќајна.
Од опрема поважни работи:
- кожен салон
- греачи на седишта
- електрични седишта со меморија
- 17' фелни, гуми 225/50
и сите стандарди работи како клима, абс, есп, електрика, радио итн...
Направен комплетен сервис:
масло на мотор со сите филтри и течности, предни дискови, ребраст и клинест каиш, водна пумпа, серво летва, гумени чаури на горни и долни виљушки, нови гуми.
Од естетска гледна точка:
фарбање на браници, хемиско чистење и третман на кожата, нова кожа на волан, полирање на предни фарови.

Со сето ова е доведена во доста солидна состојба. Моторот работи перфектно, нема никаков чад од ауспух дури и кога се малтретира со педала до даска.

Сликиве се малку набрзина, ама колку да се види:









Е сега да не бидам банален, првенствено ме привлекуваше изгледот, но кога ја пробав пресудно беше и чувството кое го дава при возење. Моторот во ниеден момент не изневерува, влече на било кој пат или угорнина, доминантен е вртежниот момент од 320 N/m. Задоволство и уживање е да се вози на отворен пат, и сите потешки делници кои сум ги возел со други коли како стража или плетвар, за алфава се играчка, едноставно го "јаде" патот.
Возењето е малку тврдичко, посебно за нашиве патишта, знае да закрца на дупки и нерамнини, но генерално внатре е тивка и има добра звучна изолација.
Доста е тешка, околу 1500кг и има одлична стабилност во кривини и при поагресивно возење.
После поминати 5.000 километри потрошувачката во град е околу 9.1 литри, додека на автопат околу 7 литри, (150-160км/ч).
Лесно преминува 200км/ч и е пробана до 220 на краток сегмент.





Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« Одговори #1 на: 20 Октомври 2019, 03:45:54 am »
убава алфа нема збор  ;)
ти посакувам многу изминати безбедни и евтини километри  8)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« Одговори #2 на: 20 Октомври 2019, 07:23:50 am »
Вистински избор за возило!
Види лептирите на усисна дали се тука, ако не се - ти си среќна коцка, ако се - планирај да ги тргнеш, пошто може да напраат беља.
Интересно, има кожен салон, нема команди на волан... Итаљанска работа.. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« Одговори #3 на: 20 Октомври 2019, 11:01:28 am »
Се среќа и со арно, послушај го Симо за лептирите и лесни патишта. Моторов е 7ца на лото, истиот го имаат 1,9cdti Oпелите.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Viksa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« Одговори #4 на: 20 Октомври 2019, 12:52:43 pm »
Не знам за усисните, не се разбирам многу, мајсторот што и правеше сервис вика топ е, не ја чепкај работи како бензинец...
Инаку Симо, нема команди ама искрено ме ми требаат, радиото е на дофат без проблеми, свртено накај возач.
Дали знаете дали греачите на седиштата работат при вакви топли температури, оти знам дека има сензори за температура. Некои викаат работат само кога во колата е под 10 С..
И уште нешто, командите за местење да предните седишта треба сите да светат навечер или само тие за греачите и за меморија на положба?
« Последно менување: 20 Октомври 2019, 12:59:46 pm Viksa »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« Одговори #5 на: 20 Октомври 2019, 13:10:51 pm »
...мајсторот што и правеше сервис вика топ е, не ја чепкај работи како бензинец...

а така и троши ;D ;D
добредојде и со здравје тркалање

Отсутен Viksa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« Одговори #6 на: 20 Октомври 2019, 13:14:17 pm »
...мајсторот што и правеше сервис вика топ е, не ја чепкај работи како бензинец...

а така и троши ;D ;D
добредојде и со здравје тркалање

Па и не е така страшно, 9.1км/л градска...

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« Одговори #7 на: 20 Октомври 2019, 14:53:22 pm »
Сосем нормална потрошувачка е, на 110 малку троши ☺️
Честито, Симо има контакти у случај на проблеми, морав 😃

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« Одговори #8 на: 20 Октомври 2019, 15:19:55 pm »
Не бе, немам контакти, имам еднен мајстор што е спремен да ме ислуша на исповед, и да напраи што мислиме дека треба да се напраи на моите коли, друго немам... шлеп служба евентуално на спид дајал у телефон.. ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Viksa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« Одговори #9 на: 20 Октомври 2019, 17:38:02 pm »
Имам и јас еден пријател што шлепа, ама во последните години само мерцедеси, ланд ровери, фолксвагени и слично шлепа, ниту една алфа  ;D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« Одговори #10 на: 21 Октомври 2019, 08:45:43 am »
Честитки за новата кола, многу безгрижни километри во здравје да извозиш
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Viksa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« Одговори #11 на: 21 Октомври 2019, 12:12:11 pm »
Фала, да си купиш поубава и понова, оваа си ги има годините ама врши работа  :P


Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« Одговори #12 на: 21 Октомври 2019, 12:29:06 pm »
Премногу грда ми е 159-та внатре,дизајнирана како од минатиот век,сепак ствар на вкус,надворешно е топ 10 сикрет 😁

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« Одговори #13 на: 21 Октомври 2019, 12:58:39 pm »
Заради радиото така ти личи. Само едно 2дин, и одма е подруго.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDm, 150hp
« Одговори #14 на: 21 Октомври 2019, 13:24:21 pm »
Фала, да си купиш поубава и понова, оваа си ги има годините ама врши работа  :P

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Вака на слика внатрешно ептен зачувана изгледа.