Здраво форумци,
Количево го земав пред некој месец од Италија, Сиена. Произведена е 2006 година со поминати 189.000 запишани во италијанската сообраќајна.
Од опрема поважни работи:
- кожен салон
- греачи на седишта
- електрични седишта со меморија
- 17' фелни, гуми 225/50
и сите стандарди работи како клима, абс, есп, електрика, радио итн...
Направен комплетен сервис:
масло на мотор со сите филтри и течности, предни дискови, ребраст и клинест каиш, водна пумпа, серво летва, гумени чаури на горни и долни виљушки, нови гуми.
Од естетска гледна точка:
фарбање на браници, хемиско чистење и третман на кожата, нова кожа на волан, полирање на предни фарови.
Со сето ова е доведена во доста солидна состојба. Моторот работи перфектно, нема никаков чад од ауспух дури и кога се малтретира со педала до даска.
Сликиве се малку набрзина, ама колку да се види:
Е сега да не бидам банален, првенствено ме привлекуваше изгледот, но кога ја пробав пресудно беше и чувството кое го дава при возење. Моторот во ниеден момент не изневерува, влече на било кој пат или угорнина, доминантен е вртежниот момент од 320 N/m. Задоволство и уживање е да се вози на отворен пат, и сите потешки делници кои сум ги возел со други коли како стража или плетвар, за алфава се играчка, едноставно го "јаде" патот.
Возењето е малку тврдичко, посебно за нашиве патишта, знае да закрца на дупки и нерамнини, но генерално внатре е тивка и има добра звучна изолација.
Доста е тешка, околу 1500кг и има одлична стабилност во кривини и при поагресивно возење.
После поминати 5.000 километри потрошувачката во град е околу 9.1 литри, додека на автопат околу 7 литри, (150-160км/ч).
Лесно преминува 200км/ч и е пробана до 220 на краток сегмент.