Момци, ево мени опет
Применив малку поинаков пристап во мерењето на потрошувачката на моето возило, па сакам да ги споделам резултатите добиени со вас.
Со светнување на сијаличката за резервно гориво ( скоро секогаш се погодувало да бидам во близина на Макпетрол пумпа), ставам 1000ка нафта односно ~16 литри нафта. И истата процедура ја повторив 3 пати со цел да добијам поконзистентни резултати.
1 мерење 182км ( ~ 8.8l/100)
2 мерење 185км,( ~ 8.7l/100)
3 мерење 163 км,( ~ 9.8l/100).
Или просек од сите 3 мерења е 9,05l/100, или 3000 денари за 48 литри нафта за 530км пројдени, или 1.7 литри нафта за еден час возење.
Просечна брзина ми беше 19km/h, односно околу 28 часа возење.
Бордот пред да се ресетира покажуваше 9.8L/100, односно покажува 0.8 литри повеќе од тоа што треба.
Последното мерење ми беше најчудно бидејќи во моментот кога имав поминато околу 130 км, имав според сказалката уште околу 4.5 литри нафта до резерва и сметав дека повторно ќе поминам 180км без проблем, но вчера имаше огромна гужва (соборна па се до железничка) каде што возењето беше стоење, тргни 10тина метри, повторно стоење, и така околу 30 минути, и таму претпоставувам да ми беше ресетиран бордот ќе ми покажеше 100l/100km, бидејќи испари нафтата со која што требаше да стигнам до 180 км.
Вожњата се состоеше од 60-70% возење во шпиц ( идење на работа и назад, рута од околу 10 км во еден правец) , и 30-40% исто градска вожња воглавно до центар во периодот од 21h - 03h, каде што нема некоја гужва туку онака ок.
Денеска ставив за 3000 денари, 48 литри нафта и стрелката од местото каде што покажуваше дека има околу 8.5 литри резервна нафта, отиде на фулл. Од една до друга црта има 1.5литри. Што значи дека не треба стрелката да е на фулл, туку на 2ипол цртки пред фул.
Има ли некако шанси овие бројки да се редуцираат, бидејќи овие бројки споредени со бројките кај роднинава со истава кола, со дпф, егр, не чепкана ништо софтверски, се пониски кај него односно кај него просекот е за литро ипол понизок од мојот, односно истиот со 16 литри поминува 210 - 220км.
Иако бројките се горе доле онакви какви што одговараат за овој автомобил односно 10-15% повеќе од декларираното, сепак се нервирам кога кај други луѓе со исто стари коли, просечната потрошувачката им е идентична со онаа на фабричката, па и за нешто ситно помалку.
Ви текнува што ви зборев за колегата со фокус од 2006 со 1.6 дизел и 110кс ? со 16 литри поминува 320 километри, драчево- карпош 3 во шпиц, секој ден, неговата е фабрички тестирана на 5.6L/100.
Кај роднинава со истово возило како моето, испаѓа околу 7.5 литри, уште да му ја проверам просечната брзина, па со неа да дојдам до поточни бројки.
Многу неефикасни мотори се овие jtd.
Поготово ако споредиме на хартија и со bmw 320d e90, 150кг потешка кола со 2000 кубика мотор со 163 коња, на хартија 6.5/100, или редизајнот од 2009 со истиот мотор и 184hp, 5.9l/100.
Не дека нешто премногу му се замарам околу ова, али денеска ги погледнав бројките.