Кога те читам
@Војвода ептен ме потсетуваш на мене кога ја земав 147, абе замарање што да ти кажам со непотребни работи. До ден денес му викам на Жаре, добро бе како не ме отера УПМ. Ќе ти помине

Најпрвин околу потрошувачка
Никогаш ама никогаш немој да правиш проценти/споредби на мали броеви. 1+1 = 2 или 100% зголемување. 100+1=101 или 1% зголемување. Сфаќаш, нели?
Колата ти е нова, има 150кс, уште не ти легнала, не ги гледај бројките. Уште поважно, не се споредувај со други коли. Мојата е 115кс, термостатот исто не ми е баш нај нај, троши зимно 8,5-9 возење во работно време и тоа одам накај 7:10 се враќам накај 15:40. Замисли периодот 8:30-9:00 и 16:30-17:00. На сопругата Јарисот е 1.4 дизел со 90кс и троши 7-7.5. Муабети дека кола во град троши за време на идење/враќање од работа 5-6 е приказни за мали деца, освен ако не си праен у шупак па секој ден фаќаш зелен бран.
Друго, околу менувањето брзини. Не си играј играчки обидувајќи се да заштедиш 100 ден на гориво на 100км со тоа што ќе шалташ на ниски вртежи. Ќе си го ебеш ДМФ па после низ гз ќе ти искочат тие заштедени 1000 ден.
Трето, моментална потрошувачка. Најнепрецизно нешто, за да ме сфатиш на уздолница отпушти гас и ќе видиш 2л на 100 км. Колата си се стабилизира со потрошувачка кога нема непредвидливо додавање/одземање гас, односно држиш константна брзина.
Поздрави и претстави ја конечно.