Друшто да помогнеме на една моја пријателка околу избор на нова кола, во проектираниот буџет од 12-13.000 евра.
Да напоменам дека колата ќе се зима на кредит, преку потрошувачки кредит од банка (ако е битно за приказнава).
Колата да биде бензинец, која ќе се става на плин, значи мотор што ќе трпи плин.
Прв пик на пријателката е Citroen C3 Cactus Puretech so 82 ks (претпоставувам нема турбо), има промо акција и за 12.000 евра го добива со Feel ниво на опрема, плус некои додатоци (паркинг сензори и сл).
Денеска нешто погледав и и предложив да го види Клиото (1,2 16 v) што е на акција 9.999 евра (мислам деак е модел на залез затоа што има понуда за „новото Клио) и каде со доплата од 1.500 евра се добива доста добро опремен автомобил, слично на нивото на опрема на Цитроенот.
Што мислите помеѓу овие два модели и што би можело да биде трета, четврта итн опција?